Поради кризата, министерот за финансии, Трајко Славески, стана фронтмен на Владата
Нина Нинеска-Фиданоска
„Тој секогаш му беше лојален на Груевски“. Вака најголем дел од оние што се сметаат за добри познавачи на состојбите во ВМРО-ДПМНЕ ќе ви одговорат на прашањето зошто министерот за финансии Трајко Славески и покрај фактот што секогаш досега беше убедливо најспоменуваното министерско име во шпекулациите за тоа кој е следниот што би ја напуштил владината свита, секогаш успеваше да ја задржи својата позиција, и тоа не само како министер, туку и како еден од најистурените играчи околу премиерот Никола Груевски.
Сепак, и покрај неприкосновеноста на министерската функција, до неодамна во јавноста постоеше неподелен впечаток дека вицепремиерот Зоран Ставрески, всушност, е главниот играч во економскиот тим на Груевски. Ставрески ги даваше главните економски изјави, Ставрески одговараше на најтешките економски прашања, дури и оние директно поврзани со финансискиот ресор.
И одеднаш, некаде пред околу два месецa, блесна ѕвездата на министерот Славески. Настаните и проблемите со кои се соочи земјава просто го исфрлија во орбитата, а сите погледи на јавноста се вперија кон него и неговите економски вештини, особено поради фактот што станува збор за угледен професор на Економскиот факултет во Скопје.
Иако токму сега имаше шанса да ги демонстрира своите економски познавања, не е мал бројот на оние што не беа воодушевени од неговите потези и изјави.
За период од околу два месеца, Славески успеа да се конфронтира со повеќе фактори - и домашни, и меѓународни, и со тие од спротивната политичка опција, но и со оние од неговата страна. Меѓународниот монетарен фонд, светските рејтинг-агенции, министерот за земјоделство Ацо Спасеноски, министеро�� за економија Фатмир Бесими, пратеници... се само дел од листата ликови и институции со кои првиот финансиер влезе во отворена и јавна вербална војна, без тактика и воздржаност.
Но, она што убедливо го стави во центарот на вниманието се патриотските фискални софтвери, кои пред една недела доживеаја вистински правен дебакл откако беа укинати од Уставниот суд. Славески тогаш не успеа да се снајде и да ја даде вистинската изјава што би се очекувала од еден совесен министер - децидно да каже дека ќе бидат обесштетени трговците и дека власта нема да ги тера и по втор пат да плаќаат за грубата владина грешка. Трговците сега го потсетуваат министерот дека летото, кога се воведуваше мерката, изјавуваше оти државата ќе им го намири трошокот доколку Уставниот суд ги прогласи за неуставни фискалните патриоти. Но, сега тој како да заборави на овие свои ветувања.
Наместо тоа, Славески, веднаш по фијаското, уште повеќе ги разгневи трговците со своето образложение дека „тие потрошиле само по околу 200 евра за оваа мерка, а најголем дел од фискалните каси и онака им биле стари, па било крајно време да ги заменат“. Ниту збор за тоа кој ќе ја сноси одговорноста што, најверојатно, од буџетски пари ќе се плаќаат околу пет милиони евра за надомест на штетите на дуќанџиите.
Славески и вчера го повтори невештото оправдување дека Владата уште не ја добила одлуката од судот, па затоа и не можел ништо повеќе да коментира. И додека министерот ја чека одлуката „на хартија“, опозицијата веќе најави интерпелација за неговата работа, како најодговорен за штетите предизвикани во стопанството со воведувањето на патриотските сметки.
Пред да избие скандалот со касите, Славески не се прослави многу ни со неговото собраниско поведение. Долго време се прераскажуваше неговата „претстава“ во Собранието, кога според тврдењата на очевидци и телевизиските снимки, буквално го избрка од собраниската Комисија за финансирање и буџет министерот за земјоделство Ацо Спасеновски. „Јас сум тука претставник од Владата. Сега можеш да си одиш!“. Вака медиумите што беа присутни го пренесоа настанот, но нивните наводи беа експресно демантирани од министерот, како тенденциозни и неточни. Славески тврдеше дека „најљубезно му се заблагодарил на Спасеноски за неговите исцрпни излагања, бидејќи опозициските пратеници го злоупотребиле неговото присуство“. Како и да е, еден министер пред таков аудиториум не смее да си дозволи испад од таков карактер.
Но, Спасеноски не беше единствениот колега на Славески кому првиот финансиер не успеа да му „одолее“. Тој се скара и со министерот за економија Фатмир Бесими, тврдејќи дека „во Министерството за економија на нерегуларен начин се вршеле унапредувања на вработени“, поради што не ги потпишуваше налозите и сите вработени во ресорот за економија немаа земено плата повеќе од два месеца.
И пратеници се најдоа на листата на неомилени ликови на министерот за финансии. „Како што гори државата Томе, така ќе гориш и ти“. Ваква порака неодамна доби пратеникот од СДСМ Томе Чинговски, барем според неговите тврдења. Опозицијата обвини дека пак му се случува на министерот да ги изгуби нервите. По овој настан, пристигна и реакција од Министерството за финансии, во која „најостро се демантира изнесената лага и се истакнува дека ова е дел од сценариото на СДСМ за блокирање на расправата во парламентот за најважниот документ во државата“.
Но, дури и да можат да му се простат гафовите на домашен терен, познавачите сметаат дека нашиот министер не смееше да си го дозволи излетот со ММФ, кого го обвини дека дава погрешни оценки и прогнози за Македонија, како и дека со мерките што ги нудел сакал да ја задуши македонската економија. Според аналитичарите, голем ризик е да се нарушуваат односите со монетарците во време кога се надвиснуваат огромни опасности над Македонија, пред се' огромниот трговски дефицит, бидејќи доколку работите тргнат на лошо, спасот сигурно ќе треба да се бара во ММФ. Во врска со Фондот беше регистриран уште еден превид на министерот - дека наскоро ќе се затворела нивната канцеларија во Скопје, по што од Фондот експресно возвратија дека „остануваат во Македонија“.
И новинарите беа обвинети од министерот Славески дека лошо ги интерпретирале и лошо ги читале извештаите на рејтинг-агенциите „Фич“ и „Стандард и Пурс“, а во кои се намалува рејтингот на земјава.
Како еден од „гревовите“ на Славески му се припишува и фактот што неколку пати досега јавно го прозва гувернерот на централната банка да ги намали каматните стапки, што од познавачите беше протолкувано како притисок од извршната власт врз монетарната, што не би смеела да си го дозволи една модерна и европски ориентирана Влада, а уште помалку Влада која проектира огромен буџет и не штеди во трошењето државни пари.
Точно е дека министерот не е единствениот што е одговорен за многу од споменатите владини одлуки, на пример оној за фискалните патриоти или за ММФ, кои ги аминувала целата Влада. Но, нему мора сериозно да му се забележи за серија постапки, собраниски инциденти и нервозни реакции, кои не се во манирот на висок владин функционер и ценет универзитетски професор.
Денес Славески ќе го брани огромниот буџет за 2009 и целата економска политика на Владата пред народните избраници. Тоа треба да се направи на нивото на задачата што му е доверена со една од најодговорните функции во државава.
ovoj bese talent u start koga na stranska poseta na avstriski premier nejkese da dojde kaj branko da se potpishe dogovor za megunarodna sorabotka - uste eden dokaz deka patriotizmot go definiraat vo toa koj podaleku ke go ispljuka branko i drzavata a ne toa sto e vo interes na drzavata . napraija skandal megunaroden vazno "ne mu praat tie keif na branko neli". ovaa dilajla mu dade li diploma za magister na liderot mu? uste koga zbori i nerv mu igra okolu ustata so nevroticen glas so zenski prizvuk se gleda deka e promashaj i ako imase zica normalno sebe am ke si dadese ostavka posle tie gafovi o idiotskite smetki i sl. e zlaten nikola popovski maka mi e sto na ovie im ostavi polna kasa za da ja pliskaat na reklami
Од: Koki
Датум: 24.12.2008 00:31:46
Ova e najgolemata .......... vo ovaa vlada:) Ne mi se veruva kako ovaa individua moze da bide minister... pa kamo li minister za finansii???? Ovoj ne bi go stavil ni za cistac na ulica, da se prasuvam jas.... Nedolicno odnesuvanje, neadekvatni izjavi.... Plus, bi mu preporacal da gi procita osnovnite knigi po Finansii pa da nauci ednas koi se MMF, koi se S&P, sto e deflacija..... i redica drugi definiciii.... mozebi bi bilo dobro uste ednas vnimatelno da gi sledi site predavanja...:)
Од: Vistina
Датум: 24.12.2008 00:31:54
Sto se 200evr za Slaveski ??? nisto vo sporedba so negovite primanja . Sve vo odnos na budjetot na Slaveski e srediste pomedju nisto i propast ccccccc, kaj ke ni bide krajot !!!! . Jasno mi e zasto Min. e nervozen ama ne mi e jasno kako prividno umen covek se najde vo vakva kasa na dpmne. ke ostane zapameten vo istorijata na Makedonija kako naj naj naj neuspesen Min. , ova vece na site im e jasno pa duri na nasiot nervozen Min.
Од: VMK
Датум: 24.12.2008 00:36:02
Човеков зарем уште е министер за финансии??????...ни срам ни перде,еј со што ги обврза толку да не те сменат г.дине професоре неуспешен?...мора нешто многу да се крие што се уште си на министерска функција....срамно.
Од: Mile-Prilep
Датум: 24.12.2008 02:21:54
Covekov mislam na Slaveski ne e svesen deka ima problemi i toa ne tolku so drugite okolu sebe kolku so samiot sebe.Onakvo odnesuvanje ne e dozvoleno za nikogo ,gospod neka mi prosti kako da ne so site.Se deri na kogo ke stigne,pravi nekoi nedotamni grimasi,dava bezvrska izjavi i na krajot site se krivi ili neuki zatoa sto ne mozat da go razberat.Odi covece baraj si care ,mlad si si imas familija za gledanje .Ako prodolzis vaka ke zavrsis vo nekoja ludnica a tie vo Makedonija i ne se na nekoe nivo.Neka podrazmisli Grujo da gi renovira i niv dosta gradi po zatvorite bidejki onie od ovaa vlada sto nema da zavrsat vo zatvor sigurno ke zavrsat vo ludnica.Barem neka si napravat podobri uslovi kako na primer da si stavat vrati na WC.
Од: stole
Датум: 24.12.2008 06:45:58
covekov definitivno nee aren 100% e otkacen, treba pod hitno da odi ka Buljar Osmani za da go sredi ako seuste ima nadez, more cela Vlada treba da odi na grupno lekuvanje vo posebna klinika(pokraj rekata Lepenec) mozda nekoj od niv ke se zaleci barem malku.
Од: sasko
Датум: 24.12.2008 07:41:08
Moe viduvanje na ovaa rabota e deka ke padni zrtva ministerot Slavevski za da moze da se spasi "iskrenosta" i "nevinosta" na vicepremierot Stavrevski i da moze da se kandidira na narednite pretsedatelski izbori. isto kako sto bese i so Rafajlovska. toj nikogas ne e kriv, se drugite se vinovni. mozno e so rekonstrukcija da treba finansii da pripadnat na DUI, pa sega da se iskoristi moznosta do maksimum.
Од: Трпе
Датум: 24.12.2008 07:53:15
Проблемот на ЕПП владата на господинот Рејтинг е во тоа што многу работи незнае ,а некои и несака да ги остварува.Највешта е само во рекламиранјето и трошењето народни пари за споредни цели.Неможат да сватат што е приоритетно на овој намачен македонски народ.Народот тоа што си го бираше и ке си го трпит.Но треба да се радуват се додека народот гласно дискутира лошо ке биде по нив ако замолчи.
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 24.12.2008 08:00:52
Едноставно не знам која глупост да ја спомнам од досгашната негова работа или можеби по паметно е да се каже дека едноставно човекот му одговара на Премиерот (грнето си го има најдено капачето ) .Но сепак има квалитети- Знае добро да лаже , како и сите во Вмро , Професорчето е голем послушник , тоа е еден од критериумите кои најдобро се бодуваат кај САМОБЕНДИСАНИОТ, и тето како и сите Вмровчиња и на овој ,,сите д...и не му се на број. Од сега,секој мој комента ќе го завршувам посакувајки им много сеќа на граганите на Македонија. Продолжете да не размислувате кој бирате.
Од: Благоја
Датум: 24.12.2008 09:49:45
Накратко кажано-каде оваа персона стапнува,таму трева повеќе не расте.
Од: anonimen
Датум: 24.12.2008 10:07:54
Nishto cudno od eden minister vo ovaa samobendisana i pogubna vlada.Pa dajte malce razmislite vmro-ovci site ovie godini koj ve laze i vi go pere mozokot i koj gi troshi nashite pari za reklamiranje.Do koga ???
Од: patriot
Датум: 24.12.2008 10:24:37
Ma za patriotskite fiskalni smetki ne e vinoven ministerot Slavevski. Toa e golema greska na Ustavniot sud cii sudii gi kontrolira liceto B. Crvenkovski.
Од: petar
Датум: 24.12.2008 10:27:42
Covekot e od mars pa ne znae kako treba da se odnesuva kulturen covek.Ne treba samo da zavrsis fakultet treba da si COVEK .
Da ims DUSA, RAZBIRANE,VIZIJA za napredok a za rasturanje dajtemu na komsiite (ili ste edni od niv)
Од: Mira
Датум: 24.12.2008 10:49:40
So ovci narod, ke imame minister i premier strizaci!!! Po ova fijasko so fiskalnite, vo normalna zemja, SITE TRGOVCI bi se sobrale NA DEMONSTRACII. Samo taka se resava vakva sramota, na grbot na trgovcite. A nasive trgovci si kutat. Mulinja!!! Treba sega pak novi kasi da im baraat.
Од: Bitola
Датум: 24.12.2008 11:02:01
Dali ovaj covek ima treto dete?
Од: sk
Датум: 24.12.2008 11:02:52
Што?
Овој професор бил министер?
Кутра Македонија!!
Од: flying-od monaco -komentar-KOKI
Датум: 24.12.2008 11:03:03
Abe KOKI sto se brukas so tvoite komentari,sekade go pikas nosot,kako si dospel do kompjuter, ti trebalo da prodolzis so tvoite ovci od kade ti i politika?...cuvaj gi ovcite...ostavigi politicarite...
Од: ljupco,bitola
Датум: 24.12.2008 11:41:01
Vo uslovi na svetska finansiska kriza,ministerot za finansii izbil vo preden plan.A koj trebase da izbie, ministerot za sport?Zaradi krizata treba da bide smenet?Kajvi se gluposti treskate,kantar nema da gi izmeri.
Од: oliver
Датум: 24.12.2008 12:40:18
единствен професор што не успеал да одбрани докторат од прв пат... и се разбира бард на економскиот/финансискиот резил и гафови во владата...
Од: naum od recica
Датум: 24.12.2008 14:47:52
Slaveski e patriot kolku i negovite slavevci za kogo vo ohridsko ima ispeano pesma ,objavete ja pesmata pa ke vidite so kakvo pedigre e toj. "bog da go ubie Veljan od Recica sto gi predade komitite" Veljan e dedo od Trajko Slaveski,ve molam malku istrazuvajte novinari.Istorijata ,literaturata se izvori na vistinata.
Од: Vlach
Датум: 24.12.2008 16:26:04
Student sum na Ekonomski fakultet. sakam samo edno da kazam. SLaveski ni od daleku ne e ugleden profesor kako sto e napisano vo tekstot. Naprotiv, nikoj na fakultet ne go ferma. Se skinav od smeenje koga rekovte deka bil ugleden profesor. Negovite predavanja se podprosecni, sum prisustvuval i znam
Од: VMRO
Датум: 24.12.2008 19:58:59
Do kade odi drskosta na Direktorite. Imeno drskosta na generalniot Direktorot na JPSSDP na RM g-din Konevski vo Podracnata edinica Bitola stigna do tamu da predlaga svoi kandidati za predsedatel na OO na Sindikatot so zakanuvanje po vrabotenite za eventualno ne pocituvanje na negovata naredba za izbor na negoviot kandidat.