Обезбедување на Камениот мост
Градот Скопје воведува 24-часовно обезбедување на Камениот мост и на плоштадот „Македонија“. На овој начин градските власти ќе ги штитат градскиот имот и урбаната опрема од уништување, како и мостот и кејот од испишување графити и нагрдување. За таа намена деновиве е поставена и стражарска куќарка на кејот, а службата за обезбедување која ќе работи во три смени, е опремена со средства за комуникација и надзор на просторот. За непречено и ефикасно заштитување на просторот, обезбедувањето ќе биде во постојана врска со полицијата и со надлежните инспекциски органи, информираат од Градот. (С.Н.) |