Број 3151  четврток, 03 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Мост на цвеќето ќе се гради по терк на Тодоровиќ, а не на Аларова

Општината распиша конкурс за идејно решение, иако претходната гарнитура остави во наследство дури четири

Деспина Трајковска


Општина Центар ќе гради нов пешачки мост и тоа меѓу мостот „Око“, кој е во изградба и оној кај „Холидеј ин“. За таа цел веќе бара ново идејно решение за таканаречениот „Мост на цвеќето“, иако претходната општинска гарнитура се фалеше дека има дури четири труда за истиот објект. Постоењето идејни решенија го потврдуваат и во проектантската куќа „ИНПУМА“, наспроти тврдењата на општинарите дека „Мостот на цвеќето“ градоначалничката Виолета Аларова го оставила единствено како долгогодишна идеја на хартија.

Благоја Тагасовски, проектант во „ИНПУМА“, ни' потврди дека постојат четири идејни решенија за мостот, но немаше сознанија дали и кое од нив било избрано за најсоодветно и воопшто, дали почнала изработката на главен проект како што најавуваше Аларова. Подетални информации од директорот на „ИНПУМА“, Борислав Јосифов не успеавме да добиеме, оти наводно, цел ден бил зафатен со состаноци. Од Општината, пак, немаат сознанија дека за објектот постојат идејни решенија. Напротив, го тврдат спротивното.

„Сегашниот конкурс за идејно решение е прв за овој мост“, категорични се општинарите. Дополнуваат дека постоело рамислување и намера да се изгради таков мост, меѓутоа, не бил реализиран ниту како проект, ниту како градба. Всушност, тоа е и очигледно на теренот. Објектот беше најавуван како капитален проект уште во првиот мандат на некогашната „мајка“ на Општина Центар, но сепак, таа никогаш не го реализираше. Во неколку наврати Аларова изјавуваше дека постојат четири алтернативни решенија, а по најсоодветното дури почнал да се изработува и главен проект во „ИНПУМА“. Наводно, Општината нашла и заинтересирани две компании кои би помогнале во покривање на финансиската конструкција покрај планираните 450.000 евра од општинскиот буџет за 2008 година.

По кое идејно решение сега ќе се гради мостот, веројатно ќе биде познато кон крајот на јануари, кога е крајниот рок за доставување на понудите за архитектонско и урбанистичко идејно решение. Огласот го распиша Општината пред десетина дена. Од заинтересираните автори се бара да понудат решенија во кои посебно ќе биде посветено внимание на пристапите до објектот, да бидат овозможени соодветни пристапи за инвалидизирани лица и лица со посебни потреби. Решението за изградба на мостот треба да поседува традиционалност, оригиналност и иновативност на објектот и да го поддржи јавниот простор на локацијата.

Инаку, од Општината не сакаат да лицитираат со висината на средствата потребни за реализација на овој проект, ниту, пак, информираат дали и колку средства се предвидени за оваа намена во тековниот и буџетот за идната година.

„Висината на средствата ќе се утврдат од најповолното идејно решение што ќе биде избрано на конкурсот и проектите кои ќе уследат во натамошната постапка. Мостот ќе биде инвестиција на Општината, но доколку ни' бидат доделени дополнителни средства (донација) од Владата, за таа цел, логично е дека ќе бидат прифатени и добродојдени од наша страна и ќе придонесат за побрза изградба на мостот“, велат општинарите.


#
Статијата е прочитана 1054 пати.

Испрати коментар

Од: Aramija
Датум: 03.12.2009 00:36:54
Pa toa be lugje, pa nas samo mostovi ni trebaat.. neznam dosega kao izdržavme so tolku malku mostovi! ušte eden fali, falus - most, pomegju ovie 3-4..
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 03.12.2009 06:36:19
Ova e za golemo pozdravuvanje za gradonacalnikot na nasata metropola Skopje,no ke bide uste za pogolemo pozdravuvanje do kolku gradonacalnikot na Opstina Aerdrom izgradi uste eden vakov cveten most ukrasen so prirodni vistiniti cvekina i toa na Bulevar AVNOJ pozadi TC BISER so povrzuvanje na pesacka zona so industiskiot del na metropolata od Opstina Avtokomanda kade industriskiot del e dosta razvien i profitabilen i zasluzuva za vakov most.POZZ ORCE MAKEDONSKI.
Од: Aerodrom
Датум: 03.12.2009 11:07:48
A da ne trosat pari na mostovi sto ne ni trebaat. Ne ni treba ni Oko a uste pomalce ovoj cvetniot. Namesto toa neka napravat nekoja ulica ili parking bidejki se zadusuva gradot od vozila sekoj den po 12 casa.
Од: oskar
Датум: 03.12.2009 11:57:48
I ako sum ateist, nema drugo care moram da go molam Gospod. Gospode daj im um i razum zasto neznaat sto pravat, ke gradat most do most a nemaat nitu eden saglam tretoar vo cela o. Centar, po koi normalno i bezbedno ke stignat do bilo koja tocka na Opstinata pa i do mostot i toa zdravi, mladi lugje a kamo li invalidizirani lica. Planiraat li, so helikopteri da gi donesat do mostot kade ”vizionerski” predviduvaat da obezbedat pristap i za niv. Da ne gi zaboravime drugite ”Turbo-folk” idei, kako kic sklupturi i spomenici, muzej za vostani figuri, zicara za Vodno, spomen domot, fontani vo Vardar, slep most ”Oko”, triumfalni porti, Stadion za 40.000 gledaci a fudbalskata liga ni se raspaga i dr.
Од: zapev
Датум: 03.12.2009 12:00:48
zamlatena vlada,premier,gradonacalnici,sekade na zaoad gradat i pravat uslovi podobri za ludje a vo mak za huhovi pa na zapad investir n.p. vo novi rabotni mesta kako popravka i odrzuvanje na skoli,domovi,bolnici,gradat superbolnici,domovi za hendikepirani i negovat dom za stari,pari da davat na nevraboteni a vo mak samo mrtvi spomenici,mostovi bez potreba a narod mizeruva usluga/lecenje za bolni nula da se krstam.
Од: Ana
Датум: 03.12.2009 14:22:58
До кога архитектите и урбанистите ќе молчат за хранкиштанизацијата на центарот на градот. Можеби Тодоровиќ знае да си ги води своите бакалници, но нема никаков вкус ниту познавање од уредување на градот. Каква е логиката и оправданоста на 5 метри да се поставени еден од друг 4 моста. Или пак кога ќе ги постават балустрадите на мостот „Гоце Делцев“ оцекуваат да паде па да имаат решение однапред подготвено. Срамота за уништувањето на духот на Скопје, срамота за новопечените бизнисмени пардон градоначалници без трунка вкус.

Најди! во Утрински
Скопје
До десет отсто поскапо парно од 1 јануари
Формирано здружение на инвалиди
Обезбедување на Камениот мост
Базар на ракотворби во Старата чаршија