Базар на ракотворби во Старата чаршија
Во Домот на занаетчиите во Старата чаршија до недела ќе се одржува петтиот празничен базар на кој ќе учествуваат 25 занаетчии со свои ракотворби. На манифестацијата ќе се најдат производи од текстил, филигран, керамика, дрво, резба, уметнички производи, хартија и друго.
Целта е да се збогати понудата на Чаршијата пред новогодишните празници и можноста граѓаните да купат подароци.
Базарот ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, а организатори се занаетчиските комори на Скопје и на Кобленц, Германија. (С.Н.) |