Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Економија

Младите битолчани на печалба на брод

Оваа сезона повеќе од 500 Македонци се пријавиле
за сезонска работа на брод

Битола - Се' повеќе млади битолчани заминуваат на печалба на брод. Притиснати од економски проблеми, без можност за вработување и шанса за егзистенција, младите се решаваат за сезонска работа на брод. Мажи и жени со средно или со високо образование летово наместо за одмор, размислуваат како да заработат за живот.

Оваа сезона над 500 млади од државата се пријавиле за работа на брод. Од нив, голем дел се од Битола, потврдуваат од ЈК „Трвел“, агенција за вработување во странство. Околу 20 илјади битолчани се без работа, најголем дел од нив се млади, а има и такви, кои со магистерски и со докторски титули, чекаат р��бота со години. За илјадници битолски семејства пензионерите се економскиот столб.

За печалба на брод не ви требаат титули, туку најдобрата препорака е познавање странски јазик. Такво е искуството на дипломираниот биотехнолог од Битола, Дијана Павловска. Таа порачува, кога се оди на брод, се оди за работа, а не за забава.

„Се вратив од работа на брод. Бев ангажирана на бродот ’Меркјури’ за пречекување и интеракција со странските гости. Ја добив оваа работа бидејќи покрај англиски јазик, зборувам и шпански и германски. Кога веќе одите да работите на брод, треба да знаете дека таму бараат работа. Иако покрај работа, има и убави моменти. Речиси секој ден си на различна локација. Тоа беше едно убаво искуство за мене“, вели младата Павловска, која со новата работа успеала да ги види Карибите, Мексико, Холивуд, па дури и северот на Алјаска.

Според статистиката на ЈК „Травел“ од Битола, стотици битолчани досега успеале да работат на брод. Од почетокот на оваа година голем е бројот на млади што аплицирале за ангажирање на брод. Директорот на агенцијата, Горан Јошевски, смета дека големиот интерес на битолчани за ваква работа е и поради тоа што бродските компании нудат големи бенефиции за своите работници. А потоа кога се бара работа на копно, интернационално искуство е предност за нив.

Работните места што им се нудат на младите Македонци се во ресторани, барови, кујна, хигиеничари, работа на базени. Заработката, велат, е од 700 до 2.500 долари месечно.

„Кај нас за работа на брод, пред се', аплицираат млади. Приоритет за добивање работата е да се зборува англиски јазик. Средно образование е доволно за да им се понуди компетентен кадар. Заработката е висока и примамлива ако се знае дека ниту еден од вработените нема трошоци за сместување и храна“, вели Јошевски.

За голем дел од младите битолчани работата на брод не е само сезонска. Светските води ги крстосуваат и по неколку години. Бродот велат им останал единствена шанса да градат кариера. (А.Б)


#
Статијата е прочитана 1426 пати.

Испрати коментар

Од: ovaa opcija e super ako ja imaat makedonskite gradjani
Датум: 09.07.2011 03:55:51
1 milijarda indici i uste 1/2 milijarda afrikanci i azici molat za vakva rabota. zatoa ako makedoncite imaat vakva sansa treba da se ratuvaat i da ja iskoristat. za mlad ova e odlicna sansa da se zaraboti i da se vidi svetot...
Од: mark
Датум: 09.07.2011 11:34:03
Ova bese i predvideno vo programata 100 ck e vaka se cuvaat mladite im se nudi rabota na brod ili prosto kazano im velime aj sikter nie sme poveka za penzionerite da imaat privilegii tie se idninata na drzavata na celo so Dulic Zingo i manevski.
Од: Трпе
Датум: 09.07.2011 20:01:27
За жал не само битолчани,сите млади ке ни фатат џејнем поради толкав голем број на работни места и плати за преживување.Само да причекаме првин да ни завршат високо образование.Пред некој ден го слушам нашето министерче за образование кое препорачува дека со завршување на додипломски студи нашите млади полесно ке дојдат до работно место.За во администрација им требале стручни кадри од технички науки кои ја разбират основната математика дека во РМ за младите нема живот.Живот има само за административци и пензионери но не и за нив да живеат квалитетен живот туку да преживуват од први до први во месецот ако знат како да ги распоредат парите.
Од: danska
Датум: 09.07.2011 20:42:34
ja zalam mnakedonija i bitola 40god sme tuka ne ja bidna mkd a tarkomi vika i po 200god ce si ostane isto siromastija,mito,haos...nikoj tuka na zapad ad mladite ne razmisluva za vakva rabota ilim pak da bega,frzavata im dava stipendija i site studenti rabotata pola rabotno vreme fantaziravme i mak ce bide vaka i ev ropa i eu ama gledam i jas da bidam i 100god mak pak ce ostyane isto zemja bez nikakva uslovi za zivot i nula idnina ..........
Од: kjhkjh
Датум: 10.07.2011 06:24:38
nema veza, ANGLO AMERIKANCITE , anglicani,avstralicij irci kanagani i amerikanci se CREW, uprava na brodovite a ostanatite narodi se STAFF rabotnici i rabotat kako GOVEDA i imaat tretman na kucinja megu niv se makedoncite filipincite indijci kinezi itn itn i se pomalku plateni

Најди! во Утрински
Економија
Даниел Сас, лидер во движење
„Шишеџам“ инвестира 60 милиони долари, ама во Бугарија
110.000 евра
Македонски телеком“ воведе електронска сметка
Цирил Кафол нов генерален извршен директор на „Оне“
„Вип“ го донесе првиот 3-Д мобилен телефон „ЛГ оптимус 3-Д“

"""