„Вип“ го донесе првиот 3-Д мобилен телефон „ЛГ оптимус 3-Д“
За само еден месец од лансирањето на светскиот пазар, најновата светска иновација во технологијата на мобилни телефони пристигна и во Македонија. Првиот мобилен телефон што снима и репродуцира фотографии и видеа во трета димензија „ЛГ оптимус 3-Д“, е достапен за македонските корисници преку продажната мрежа на операторот „Вип“. „И со овој чекор, дефинитивно, им овозможуваме на нашите корисници да бидат во тек со најновите светски достигнувања во мобилната телефонија, но најважно од се' е што со нив им нудиме повеќе можности за уживање, забава и супериорна комуникација, и тоа преку снимање и гледање слики и видеа во 3-Д што ги нуди најновиот паметен ’ЛГ оптимус 3-Д‘ мобилен телефон“, изјави Марио Цвитковиќ, главен маркетинг-директор на операторот „Вип“. Покрај врвните перфоманси наследени од своите претходници од палетата на т.н. паметни телефони на ЛГ, „ЛГ оптимус 3-Д“, нуди и дополнителна предност, снимање и репродукција на слики и видеа во трета димензија, без притоа да бидат потребни специјални очила. (А.С.) |