Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Економија

Даниел Сас, лидер во движење

Сас е моќна фигура, кој од почетокот на својот работен стаж, па досега извршувал само одговорни менаџерски функции

Александрија Стевковска



Деновиве на кормилото на најголемата телекомуникациска компанија во земјава, „Македонски телеком“м дојде нова моќна фигура, Даниел Сас, човек што од почетокот на својот работен стаж досега извршувал само одговорни менаџерски функции. Неговиот раководен ангажман продолжува внесувајќи свежина и нова енергија во компанијата, која постојано се надградува и нуди нови видови услуги во интерес на потрошувачите.

Даниел Сас е роден во 1972 година. По дипломирањето во Будимпешта како економист, тој ја започнува својата кариера во „Џенерал моторс груп“. На различни менаџерски и финансиски раководни позиции е уште од 1994 година во компаниите на „Опел“ во Унгарија и во Германија. Во 2002 година работел во ЏМ „Даеву“ за Централна и за Источна Европа како управен директор.

Сас беше назначен за главен директор на финансии на „Т-онлајн Хангари Плц“ на 1 јануари 2004 година. Во наредниот период тој се здобил со значително професионално познавање на телекомуникацискиот пазар и раководење со компании. Даниел Сас придонел кон спиралното навлегување на широкопојасниот интернет, што претставува една од областите на деловно работење на Групацијата „Маџар телеком“, која покажа најдинамичен развој.

Како член на Одборот на директори на „Црногорски телеком“, претседател на Одборот на директори и претседавач на менаџмент-колегиумот на „Црногорски телеком“ од 2007 година, тој ја водеше оперативната, организациската и деловната транзиција на „Црногорски телеком“. За време на неговиот мандат, компанијата воведе ИПТВ, мобилен интернет, значително го зголеми навлегувањето на широкопојасните услуги во Црна Гора и ја зајакна позицијата на пазарот во сегмент на мобилната телефонија. Тој истовремено ја вршел должноста претседател на Црногорскиот совет на странски инвеститори и потпретседател на Црногорско-унгарскиот деловен совет.

Од Црна Гора, Унгарецот Даниел Сас дојде во Македонија за да ја извршува функцијата главен извршен директор на „Македонски телеком“. Во исто време тој ја презеде и функцијата претседател на Одборот на директори на „Т-мобиле Македонија“. Сас седнува во најважната фотелја во компанијата, која во изминатите четири години ја водеше Германецот Николај Бејкерс, на кого му истече мандатот. Новиот извршен директор најави дека „Македонски телеком“ ќе остане лидер на пазарот и носител на промени, иновации и успеси. „Ќе направиме се', со цел да го испорачаме само најдоброто кон нашите корисници, вработените, граѓаните и нашите акционери. Во исто време ќе ја задржиме оригиналноста како препознатлива карактеристика на нашата понуда и ќе продолжиме да обезбедуваме само услуги според највисоки стандарди за квалитет“, најави Сас за време на неговото назначување на новата функција во земјава.

Тој нагласи дека „Македонски телеком“ ќе го задржи веќе заслужениот епитет - општествено одговорна компанија. „Модерниот корисник бара иновативни услуги и продукти што ќе го збогатат и ќе го олеснат неговото секојдневје, а ние ќе им излеземе во пресрет на сите негови барања. Очекувам ’Македонски телеком‘ и ’Т-мобиле‘ да ги видам како едни од најзначајните играчи, не само во рамките на бизнис-заедницата, туку и во други различни области што се од суштинско значење за развојот на македонското општество“, рече Сас.

Претходникот на Сас, Николај Бекерс, додека ја извршуваше функцијата на главен извршен директор на „Македонски телеком“ го донесе Т-брендот на македонскиот пазар и ја постави основата за изградба на силна пазарна позиција на компанијата, во услови на конкурентното опкружување и за остварување на компаниските таргети.


#
Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар

Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 09.07.2011 21:05:14
Не може ништо овој човек.Затоа Влада му го утрапи оној КАФЕНЏИЈА од БЕРЛИН, да биде како што треба.Абе стручен човек, ексаперт за

Најди! во Утрински
Економија
Младите битолчани на печалба на брод
„Шишеџам“ инвестира 60 милиони долари, ама во Бугарија
110.000 евра
Македонски телеком“ воведе електронска сметка
Цирил Кафол нов генерален извршен директор на „Оне“
„Вип“ го донесе првио�� 3-Д мобилен телефон „ЛГ оптимус 3-Д“

"""