Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Економија

Бројки




110.000 евра


Прометот на вчерашното тргување на Македонската берза изнесуваше 110 илјади евра и, конечно, иако благо, главниот берзански индекс МБИ 10 заврши во плус од 0,16 отсто

16.4 милиони евра
Вкупниот износ што го поделиле компаниите во 2010 година како дивиденда изнесува 16,4 милиони евра, што е за 19,47 отсто повеќе во однос на 2009 година, кога вкупниот износ на поделена дивиденда изнесувал 13,7 милиони евра

33.000 хектари
Ораниците се намалуваат, а земјиштето за урбани цели се шири.

За само пет години обработливите земјоделски површини се помали за 33.000 хектари. Или, од 546.000 хектари во 2005 година на 513.000 хектари во 2009, со тренд на осипување и во наредниот период.

500.000 евра
Тетовска млекарница инвестир�� половина милион евра во нова опрема, како дел од првата фаза за модернизација. Инвестицијата се однесува на нова линија за производство на јогурт и на павлака

53 милиони евра
„Крка“ извести дека во првата половина од 2011 година вкупниот износ на инвестиции изнесува 53 милиони евра

53 милијарди долари
Јавноста во САД прв пат е информирана дека „Голдман Сакс“ зајмил повеќе од 53 милијарди долари за време на кризата од ФЕД за вонредно кредитирање, која им овозможуваше на банките да позајмуваат по ултраниски камати

20 милиони евра
Турскиот бизнисмен Фикрет Инан преговара со брокери за купување на грчките острови Лихнари, Калцониси, Микри Аморгос, Кардиотиса, Наусика и Вувало, а за тоа ќе му бидат потребни меѓу 3 и 20 милиони евра

7 милијарди долари
Вредноста на сервисот „Твитер“ во последниве седум месеци порасна два пати, пренесува „Волстрит журнал„, најавувајќи дека „Твитер“ во иднина ќе се насочи кон адвертајзинг-бизнис

395 евра
Чешките жени во просек имаат значително помала пензија од мажите. Додека на крајот на првиот квартал од годинава еден пензионер во Чешка имал пензија од речиси 11.700 круни, или 487 евра, една пензионерка месечно добила малку повеќе од 9.500 круни, односно 395 евра


#
Статијата е прочитана 965 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Младите битолчани на печалба на брод
Даниел Сас, лидер во движење
„Шишеџам“ инвестира 60 милиони долари, ама во Бугарија
Македонски телеком“ воведе електронска сметка
Цирил Кафол нов генерален извршен директор на „Оне“
„Вип“ го донесе првиот 3-Д мобилен телефон „ЛГ оптимус 3-Д“

"""