Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

ЕУ ќе ги ограничува банкарските бонуси

Лидерите се согласија исплатата на бонусите да зависи од висината на добивките на банките

Брисел - Европската унија става крај на големите и мегаломанските банкарски бонуси. Имено, во Унијата се постигна согласност исплатата на бонусите да биде поврзана со резултатите од работењето на финансиските институции. Ова го заклучија лидерите на ЕУ на вонредниот неформален самит, што завчера вечерта заврши во Брисел. „Време е да и' се каже доста на практиката добивките на банките да завршуваат во приватни џебови, а загубите да ги подмируваат даночните обврзници“, изјави претседавачот на ЕУ, шведскиот премиер Фредрик Рејнфелт, на самитот посветен на подготвување заеднички став за средбата на врвот на 20 најмоќни економии- Г-20, што идната седмица ќе се одржи во Питсбург. Лидерите на ЕУ предложија да се воведе закана за санкции за оние банки кои исплатата на бонусите нема да ја поврзуваат со долгорочните деловни резултати.

Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека лидерите на ЕУ се договориле да постават граница до каде можат да се движат платите на банкарите. „Сите земји-членки на ЕУ се единствени дека светот не може повторно да го преживее скандалот со исплатените на бонуси на директорите на банките“, истакна Саркози. Тој се закани дека ќе ја напушти средбата во Брисел, ако САД и другите земји не ги ограничат банкарските премии.

Инаку, шокот од кризата се' уште е „во коски“ и свежи се сеќавањата на банки на работ на пропаст, земји пред државен банкрот, милиони луѓе без работа. Европејците со сета сила сакаат да спречат нова финансиска и економска криза. ЕУ веќе подготви голем каталог со мерки против кризата - од правила за Хеџ-фондовите до засилен финансиски надзор. Но, некои работи и натаму недостасуваат, како, на пример, обврзувачки договор за земјите-членки како повторно да го намалат купот долгови. „Мораме да подготвиме стратегии за излез од оваа ситуација“, побара домаќинот на средбата, шведскиот премиер Рајнфелд.

За темата ограничување на премиите на менаџерите Европејците имаат единствен став, барем што се однесува до општите основни правила. Канцеларката Меркел истакна дека на вонредниот самит ЕУ ги прифатила барањата на Германија, Франција и на Велика Британија. Трите земји се заложија исплатата на премиите да биде во сооднос со добивката што ја постигнува банката. Голем дел од варијабилните отпремнини би требало да бидат временски распоредени и, при негативен развој, целосно да отпаднат. Европската унија не ја утврди горната граница, туку се заложи на претстојниот самит на Г-20 да бидат утврдени правила.

Вашингтон, се' досега, ги отфрлаше ваквите планови, а претседателот Барак Обама беше против утврдувањето на горна граница за премиите на менаџерите. Обама, една седмица пред состанокот, категорично ја отфрли можноста за глобално определување на тоа колкава ќе биде исплатата во банкар��твото.

Во Лондон, пак, британскиот премиер Гордон Браун изјави дека постои широка поддршка меѓу учесниците на самитот Г-20 за една рестриктивна политика кон доделувањето на бонусите во банкарскиот сектор. „Никаде во светот нема согласност за тоа да се земаат бонуси за неуспешно работење, или за непреземање мерки што биле неопходни, па затоа верувам дека на самитот во САД ќе може сите да се согласиме за тоа како во иднина тие би се доделувале“, изјави Браун по состанокот. (Според агенциите)

 


#
Статијата е прочитана 246 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Македонија официјално во рецесија
Македонија со драстичен пад на странските директни инвестиции
Општините ги бараат парите од данокот за пазарџиите
ФЕД ќе ги контролира платите на банкарите
Евтините кредити, всушност, ќе бидат скапи
ССМ против измените на Законот за работни односи
СМС за еден денар за Рамазан-бајрам
Поволни кредити за почетни бизниси