ФЕД ќе ги контролира платите на банкарите
Вашингтон - Американската централна банка Фед ќе ги регулира платите на десетици илјади банкарски службеници, како дел од планот за ограничување на ризиците во банкарските институции, објави „Волт стрит журнал“. „Планот на Фед предвидува воведување на владини регулаторни мерки во одлуките за дополнителни парични награди, кои традиционално беа резервирани за менаџерите и за членовите на бордот на банките“, пишува весникот.
Предложениот план и' дава овластување на централната банка да се вмеша во политиката на определување на висината на платите на банкарските службеници, со цел да се ограничи ризикот од работењето на банките. Конечниот предлог-закон се очекува да биде усвоен по неколку седмици од страна на бордот на Фед и од Конгресот, а можно е дотогаш да претрпи одредени измени и дополнувања, наведува весникот. (Макфакс) |