Македонија со драстичен пад на странските директни инвестиции
Странски инвестиции во ЈИЕ во првиот квардал од 2009 бележат намалување од 46 проценти
Во првиот квартал од 2009 година, приливот на директни странски инвестиции во Југоисточна Европа и земјите на Комонвелтот бележат намалување од 46 проценти во однос на истиот период во 2008 година.
Во извештајот за светските инвестиции во 2009 година на Конференцијата за трговија и развиј на Обединетите нации, за Македонија се објавени бројки дека во првиот квартал од 2008 имала директни инвестиции од странство од 172 милиони долари, во вториот квартал биле 201 милиони долари, во третиот 133 милиони долари, а во четвртиот квартал од 2008 година инвестициите изнесувале 93 милиони долари. Веќе во првиот квартал од 2009 година, кој во извештајот е последен податок, странските директни инвестиции во земјава изнесувале 71 милиони долари, што е повеќе од двојно намалување во однос на првиот квартал од 2008, односно за 58,7 отсто.
Во извештајот е истакнато дека Србија, во однос на првиот квартал од 2008 година кога приливот на инвестиции бил 1,25 милијарди долари, во 2009 година забележала прилив од 828 милиони долари, што претставува пад од 34 проценти.
„И покрај тоа, приливот на странски инвестиции во Србија за првиот квартал од 2009 година е поголем во однос на нејзините соседи како што се Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, пренесуваат српските медиуми. Според нив, во извештајот е додадено дека во последниот квартал на 2008 година, Србија забележала зголемување на приливот од странски инвестиции за 145 проценти. (Ек.Р.)
Kolku li bese vo prvite kvartali od 2005 i 2006? Cisto za sporedba.
Од: Патриот
Датум: 19.09.2009 09:04:17
Зошто не направите споредба на годините кога СДС-то ваше беше на власт со годините на ВМРО? Или се плашите да не се покаже дека најлошата година на ВМРО кога цел свет е во криза е двојно подобра од најдобрата година на СДС кога целиот свет беше во позитива. Во времето на ВМРО развој од 6% а во времето на СДС 3%.
Од: јас
Датум: 19.09.2009 12:39:58
@Патриот , ај не треси зелени , само колку да ти се брои коментарот кај твојот пастир..
Од: pravda
Датум: 20.09.2009 11:44:41
Ne znam kolku stranski investicii imali vo vremeto na SDSM samo znam deka tie moraa da gi saniraat posledicite od voeniot konflikt od 2001 sto go napravi VMRO za da go sokrie kriminalot so Okta i Telekom,inaku kako ke mozese Gruevski da kupi odednas 4 stana