Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Во Македонија политичкиот терор позастапен од сексуалниот

Според пилот-истражувањето на ССМ, од 510 анкетирани лица, 41 отсто се изјасниле дека се жртви на мобинг

Маја Томиќ

Во државата постои мобинг и тоа во изразена форма. Голем дел од вработените се изложени на неетичка, патолошка комуникација на работното место, односно психички се малтретирани од едно или повеќе лица. Оваа модерна цивилизациска болест, присутна во земјава од транзицискиот период, резултира со големо ментално и социјално страдање на работникот и проблеми во неговото нормално функционирање на работа. Целта на лицата кои вршат мобинг, таканаречени мобери, а тоа се најчесто работодавци или други претпоставени, е преку разни притисоци да предизвикаат елиминирање на работниците од соодветно работно место или нивно прогласување за неподобни.

Кај работникот, како последица на мобингот, се појавуваат повеќе здравствени проблеми: главоболки, несоница, хроничен замор, хипертензија, кардиоваскуларни проблеми, апатија, депресија и слично.

Според пилот-истражувањето кое го спроведе Сојузот на синдикатите на Македонија во приватниот и во јавниот сектор, со цел да види дали има мобинг во земјава, од 510 анкетирани лица, 41 отсто се изјасниле дека се жртви на мобингот и дека имаат здравствени проблеми. Тоа е загрижувачки, ако се има предвид дека европскиот просек изнесува 25 отсто. Триесет отсто се изјасниле дека трпат политички притисоци, 14 отсто рекле дека биле под притисок поради потеклото, а по 5 отсто од анкетираните соопштиле дека биле сексуално и физички малтретирани на работното место.

Ова е прво истражување од ваков вид во државата. Од неодамна е издаден и првиот едукативен прирачник од ССМ, фондацијата „Фридрих Еберт“ и Македонското мобинг-здружение. Во него има инфо��мации, превенции за мобингот и начините за заштита од него. Од ССМ најавуваат дека кон крајот на летото ќе излезат и со предлог на закон за мобинг, при што се надеваат на соработка од социјалните партнери, Владата, политичките партии и невладиниот сектор. Во подготовката на законот ќе се следи примерот на соседните држави, а ќе се применат и искуства од светот.

Целта е мобингот да се издвои како посебно право од работен однос, како што е во скандинавските земји, Франција и во Англија.

Моментално, во ЕУ мобингот е рангиран на четврто место според ризиците на работното место, а процена е дека за неколку години тој ќе биде прв според степенот на ризик. Во ЕУ е донесен посебен закон за мобинг уште во 1876 година. Во САД ваков закон има од 1964 година, додека Канада донесе закон за мобинг во 1984 година. Според статистика на ЕУ, во светот секои четири и пол секунди на каков било начин се повредува работник, а на секои три и пол минути умира по едно лице од причини поврзани со работата. Во САД секој четврти работник е подложен на мобинг, а во Велика Британија секој осми, покажува статистиката.

„Мобингот станува се' помасовен во Македонија и потребна е стратегија за спречување на оваа појава. Пред се', треба да се едуцираат вработените, кои преокупирани од егзистенцијални проблеми, често и не се свесни дека се жртви на мобинг, се' додека не им се наруши здравјето и нормалниот тек на животот. Последиците од мобингот не се само за работникот и не се однесуваат само на неговото здравје. Притисоците на работното место ја намалуваат продуктивноста во работната организација, профитот на компанијата, каско и нејзиниот углед“, вели Инда Костова-Савиќ, раководителка на сектор за едукација од ССМ. Таа додава дека работникот треба да знае како да се справи со мобингот и од каде да побара заштита. Притоа, синдикатите ја имаат клучната функција. Заради заштита на работникот, претставникот на синдикатот треба да разговара со работодавецот, а ако има потреба, да обезбеди правна помош, да побара стручна помош за лицето или, пак, да го издигне мобинг-случајот на повисоко синдикално ниво.


Статијата е прочитана 2471 пати.

Испрати коментар

Од: NLO
Датум: 06.07.2009 00:22:38
po vas treba da se ukine VLADA , PARLAMENT da nema RABOTODAVACI sekoj vraboten da resava dali ke raboti ili ke cita vesnik ,UTRINSKI se razbira ,toa bi mu doslo kako relaksacija dodeka pie kafe. I KOJ ja pravese taa anketa i kade .MURATOVSKI ILI NEGOVITE ROBOVI vo ssm-sdsm.NEKA napravat edna anketa KOLKU GRAGANITE VERUVAAT VO SSM .
Од: mitko za rakovodnite kadri
Датум: 06.07.2009 01:29:42
Ne se somnevam deka vo site makedonski partii postojat mali malecki covecinja koi koga ke se zdobijat so vlast naednas stanuvaat hrabri lavovi i pocnuvaat da se silat na drugite vraboteni. Za niv sekogas postoi pravilo deka sto bile pomali pred da dobijat vlast tolku stanuvaat poprosti koga nejze ke ja steknat. Najdobar primer za ova spored mene (mozebi nekoj drug ke dade podobar primer) e personata Stavre_kumot. Site koi sorabotuvale so nego mozat da potvrdat za negovoto dokraj prostacko i nasilnicko odnesuvanje. So tipusi kako nego braka Makedonci nema da stignete daleku.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 06.07.2009 02:58:21
Dajte na site da rabota, garantirana do nivna penzija, pa posle anketirajte i analizirajte. A vaka ... veter vo magla.
Од: Maja
Датум: 06.07.2009 03:07:59
Mobingot kaj nas se pojavi so doadjanjeto na ovaa garnitura na vlast. Kade da se obratat zrtvite vo drzavnite institucii koga rakovoditelite se podlizurkovci i mesto da ve branat ke ve napadnat za samite da se odbranat. Prevrabotuvanjata vo drzavniot sektor imaat zadaca da bidat lepenki na site lica za koi rakovoditelite znaat deka ne se od nivnata politicka opcija i da gi sledat i da gi tormozat. Se raskazuva kako vic, no vistina e koga edna licnost kazala deka dobila rabota da go sledi edikoj sin ne go znae koj e samo i kazale ime i prezime i ja prasuva vistinskata licnost kade da go najde toa lice. Da ne e strasno, zalosno bi bilo smesno.
Од: SEKODNEVEC
Датум: 06.07.2009 06:20:34
Da, patraloshka kominikacija, mentalno i socijalno stradanje..........................................................................
Од: Gigo
Датум: 06.07.2009 08:13:59
Taka i funkcionira "bajniot" kapitalizam.Opstestvoto e podeleno na klasi kade vraboteniot treba da bide "sreken" zosto ima rabota.Vrabotenite treba da se "spineless" (bezkicmenjaci) i da se vo grupata na mekoteli (crvi, meuzi, i tn).Se e formulirano i nasledeno od Anglija i drugite tn "demokratski" sistemi.Vo Makedonija prikaska za sebe.Vo sklop so "malogragjanskiot duh" novopecenite biznismeni (groto od niv kriminalci) si gi lekuvaat svoite kompleksi i frustracii, pa pokazuvaat kolku se oni GOLEMI.Obicno frustraciite im se steknati vo sredinite vo koi izrasnale (bolni da teraat nekakvi malogragjanski "semi", a voda "vo oci nemaat, kazano po Skopski) potkrepeni so Holivudskite filmovi, taka da tie samite se poistovetuvaat i vleguvaat vo tie filmovi kako glavni glumci Kkako primer mozat da posluzat i balovite na Mak "aristokratija", tragikomedija).
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 06.07.2009 08:40:13
Во нормален македонски „жаргон“ тоа се нарекува: Малтретирање на работно место. Малтретирањето не се врши само од раководните лица, туку (најчесто) од Поединци вработени во истиот оддел (дури и со понизок ранг и образование) кои се помоќни од Вас затоа што имаат најјак „квалитет“ - Партиска Книшка од владеачката партија!! За нив важат сосема други закони за работното место, поточно воопшто не важат никакви закони! Не доаѓање на работно место, доцнење (од „презафатеност“), неизвршување на работата, мито, превара, лаги, лажни болести, „лепење етикети“ на другиот... се дел од нивното „префинето“ однесување. Најзагрозени се хонорарно (нелегално) вработените, најчесто во јавни претпријатија, кои остануваат хонорарци со децении. Дури и со повисоко образование од вработените не можат да се вработат, заради најголемиот недостаток - отсуство на партиска определба! Ова нешто, Синдикатот воопшто не го интересира, поради нивната timeless зона - за него времето престанало да тече во `80-те години.
Од: biser
Датум: 06.07.2009 09:21:21
Sekoj sto ne raboti vo privatna firma nema poim sto znaci mobing.Nakratko kazano:rabotno vreme od 08 h do koga ke ti kaze,saboti praznici i godisen odmor zaboravi,pauza za rucek-nema ,odlicen zakon za puseweto pricina poveke -nema mrdawe od stol ,plata kasnewe od dva do tri meseci, izlez posle tieset i sestata godina nemas a i kade ke odis prviot mesec na,, proba,,drugite meseci kasnat so plata prvo ,dali nekoj moze da izdrzi fizicki a psihicki-izborot e izberi sam
Од: rabotnik
Датум: 06.07.2009 09:30:42
so fin ubav zbor si imame - MALTRETIRANJE, kakov mobing (mnogu "light" zvuci) i da pridadam, osven primenata na fizicko i seksualno maltretiranje za psihickoto maltretiranje treba da se ima debata ne "so svoi zborovi" da se procenuva zatoa sto koga pri vrabotuvanjeto kaj nas ili vo privaten ili vo javen sektor ke ima na pismeno obvrski na sekoj vraboten, togas sekoj ke znae sto mu e rabota a sto ne, i za sto e maltretiran na rabotno mesto, a se dodeka kaj nas obvrskite vi se davaat usno "od prilika", se vrabotuva na lepi oci, so mito pod masa, preku krevet, partija ili slicni drugi "funkcionalni" mehanizmi nema da znaeme kade zavrsuva mrzata na rabotnikot, a kade pocnuva maltretiranjeto na sefot/rabotodavecot, bez vrednosti i kriteriumi nikade ne odime, dzabe ni e i sto zakoni da doneseme, ne deklaracija tuku implementacija ni e potrebna.
Од: partisko politicki uceni
Датум: 06.07.2009 10:07:51
Ova e veke vlezeno kako instucionalna procedura za da se dojde do i na rabotno mesto. Ne e nishto novo, a nitu pak gledam nekakvla volja od strana na partiite, vlastodrzcite i nitu pak kaj obicinite gragani nekako ova da se reshi...
Од: Трпе
Датум: 06.07.2009 11:44:26
Одговорот е многу едноставен,зошто кај нас постои малтретирање и експлотирање на работницитеод повисоките чинови.Причината е во ограничениот(многу мал) број на работни места,неорганизираниот синдикат(политички продаден) и неспособна власт да ги среди претходните проблеми.Владата се бори само за лични интереси.Таа се занесува дека народот ѓи има избрано за нивно лично богатење.
Од: maya
Датум: 06.07.2009 11:49:39
Би требало секој кога ќе почуствува дека некој се обидува да се изживува врз него, да си го "спакува куферот" и да си оди. Проблемот е тоа што тешко се наоѓа нова работа па им ги трпиме каприците а тие баш поради тоа и се силат, инаку сите ние знаеме како треба со таквите фаци...
Од: nekoj
Датум: 06.07.2009 14:20:39
Jas se izvinuvam, no spored mene vinovni se rabotnicite, a ne rabotodavcite. Ste im dozvolile, ne si gi znaete pravata itn. Ako covek sam ne si se izbori za ona sto mu sleduva, nikoj toa za vas nema da go napravi. NO za zal. site prifativte takov model na rabota uste koga vlegovme vo tranzicija, te ednite po prtiska, te drugite..i taka na sekoi 4-5 godini. Baravte gledajte; Taka demokratija ne se gradi a loso e za site! Do "Gigo", koga ne znaes nesto ne tuku kazuvaj, izleguvas po glupav nego sto si.
Од: Ina
Датум: 06.07.2009 14:20:54
Da ne bese utrinski nemase da znam daka postoi sektor za edukacija vo SSM.Rodiv bebe i me izbrkaa od rabota ili kako sto ovie od SDSM miluvaa da kazat mi istekol dogovorot.Pa se razbira jas sum VMRO ovka mene ne mi treba plateno porodilno otsustvo.I stvarno preziveav i ja sakam Makedonija.No dobivam simptomi na mobing koga zenite od SDSM gi imaat site privilegii vo opstestvoto a so tolkava omraza zboruvaat za Makedonija.Prasanje:Dali novinarov na tekstot ima mobing.Ako jas kako intelektualec ne mozam da si gi ostvaram pravata i me maltretiraat maminite sinovi i kerki na rabotnoto mesto sto ostanalo za rabotnicite vo tekstilot i rudnicite.Tie kaj da se zalat?Jas sum Makedonka i me boli nepravdata kon site rabotnici,posebno vo uslovi koga ovaa vlada im dade dosta beneficii na rabotodavcite.
Од: kiro
Датум: 06.07.2009 15:19:46
abe iskompleksirani vmrovci, od gjorce i novo lisice dojdoa i sega sakaat da lecat kompleksi. vidi go ono ivica konevski od aerodrom kako se izzivuva niz grad. kako da e gazda po diskotekite i klubovite. a kaj nego vo kancelarija se malski mangupi i drugarki
Од: komunjar
Датум: 06.07.2009 15:19:50
vrabotenite imaa zastita vo minatoto, mozebi najdobra vo svetot - megutoa ne vi se dopagase toa pa se resivte da go smenite sistemot (jas licno nemam nisto protiv promeni) - e sega rabotite i kutenka ... "trazili ste, gledajte" HA HA P.S. i taka samo za "nabljuduvaci" ve biva
Од: Драги
Датум: 06.07.2009 19:40:59
Во време на Југосоцијализмот мобинг се именуваше како *Морално и политички неподобен*.Кој ќе беше стигматизиран како таков,преживуваше маки полоши и од Танталовите.*Принцип је исти ,све су остало нијансе*.

Најди! во Утрински
Политика
Предземјотресни потреси во албанскиот кампус
Ескалира судирот Тетовски универзитет - Министерство
Македонците во Албанија не гласаа за себе