Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Ескалира судирот Тетовски универзитет - Министерство

Со тајно гласање разрешениот Сенат за нов ректор го избра проф. д-р Агим Вела

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Односите на релација Државен универзитет во Тетово - Министерство за образование ескалираат. Додека од Министерството се категорични дека поради констатирани финансиски дубиози и пропусти се одлучиле да го сменат досегашниот вршител на должност ректор, да го разрешат Сенатот, а се најавени и други смени, разрешениот Сенат во саботата ја заокружи постапката за избор на ректор со мандат од четири години. Притоа го обвини Министерството за неуставни и незаконски решенија. Како што е познато, Министерството за образование и наука го разреши вршителот на должност ректор проф. д-р Агим Вела, кој на оваа должност се наоѓа од 14 април, а за нов в.д. го именува доц. д-р Агрон Река. Со истото решение, разрешен е и Сенатот. Од ДУТ тврдат дека МОН врши упад во работата на Универзитетот и суспензија на неговата автономија.

Во соопштението од ДУТ од 4 јули, се вели дека дента во просториите на Медицинскиот факултет била одржана седница на ректорската управа, а потоа и на Сенатот. Решението на Министерството за разрешување било отфрлено, при што е констатирано дека „е направена повреда на Уставот на РМ, Законот за високото образование и Статутот на ДУТ. Доц. Агрон Река нема наставно-научно звање редовен професор и неговото именување за в.д. ректор е незаконско“, се истакнува во соопштението. Истовремено се појаснува процедурата за избор на редовен ректор.

Активностите започнале на 24 јуни, кандидирањето било завршено заклучно со 3 јули, а изборот на нов ректор било извршено на 4 јули. Со тајно гласање за нов ректор бил избран проф. д-р Агим Вела. „За време на седницата на ректорската управа и Сенатот зградата беше опколена со униформирани полициски сили и милитанти на ДУИ, кои се обидоа да ги попречат органите во нивната работа“. Според истото соопштение, во петокот попладне доц. д-р Агрон Река, со решение на МОН за негово именување за в.д. ректор насилно влегол во Ректоратот придружуван од полициски сили и милитанти на ДУИ. „Со сила биле одземени клучевите од канцеларијата на секретарот, а потоа искршени бравите на ректоратот“. Истовремено, било заклучено за се' што се случува да се обратат до Владата, МОН и меѓународниот фактор, со укажување дека се гази Законот за високото образование, па се бара надлежните органи да преземат неодложни мерки за повлекување на незаконското решение бидејќи „единствен легитимен орган за одлучување во ДУТ е Сенатот“, се вели во соопштението.

За овие три-четири дена, вклучувајќи ги и деновите на викендот, колку што траат турбуленциите на ДУТ, Агрон Река не се огласи, барем не за медиумите на македонски јазик. Река и неговите луѓе веќе се во просториите на ректорската управа и засега нема изгледи за мирна разврска на новосоздадената состојба, зашто разрешените органи својата функција ја извршуваат преку седиштето на Деканатот на Медицинскиот факултет.


Статијата е прочитана 408 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Предземјотресни потреси во албанскиот кампус
Македонците во Албанија не гласаа за себе
Во Македонија политичкиот терор позастапен од сексуалниот