Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Предземјотресни потреси во албанскиот кампус

ДУИ е во најнезавидна положба поради внатрепартиските и меѓукоалиционите проблеми

Светлана Унковска

Превирањата со изборот на ректорот на Државниот тетовски универзитет, покрај тоа што ги заостри односите меѓу Универзитетот и Министерството за образование и наука, ги обнови и меѓупартиските пресметки меѓу ДУИ и ДПА за преземање на раководството, а во нив се вклучи и Нова демократија. Раздвижувања во блокот партии на Албанците, секако, предизвика и предлогот за нов договор меѓу Македонците и Албанците од страна на ДПА. Иако беше отфрлен и оценет како непотребен од сите политички субјекти, експерти, но и од претставниците на меѓународната заедница, сепак, од договорот не се откажаа во партијата на Мендух Тачи. Викендов документот беше претставен и прифатен од највисоките органи на партијата. Претходно трите партии на Албанците во парламентот жестоко се скараа и околу донесувањето на новиот Закон за Собранието и тоа во делот за употребата на албанскиот јазик.

Сепак, најновите случувања со поставувањето ректор на ДУТ од страна на Министерството за образование и наука, а истовремено и од страна на Сенатот на Универзитетот, го повторува сценариото од времето на именувањето на поранешниот ректор Сади Беџети, кога ДУИ и ДПА имаа жестоки судири и обвинувања. Тогаш од партијата на Ахмети именувањето на Беџети за ректор го оценија како насилнички упад на ДПА во автономијата на Универзитетот. Сега лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој овој пат се најде од другата страна, оцени дека со ваквиот потег на именување ректор од страна на Министерството се врши класична окупација на Универзитетот како од времето на Милошевиќ. Имер Селмани, пак, од Нова демократија најави дека за одлуката ќе поднесат претставка до Уставниот суд за нејзино преиспитување. Од ДУИ ги отфрлија обвинувањата дека именувањето на ректорот има некаква политичка вмешаност. Според професорот Хасан Јашари, политиката треба да се тргне од Универзитетот и треба да престанат упадите на политичките моќници и групи.

„Решението е во тоа да биде поставена силна академска личност, која ќе биде неутрална од овие групи и состојбите да се средат низ дијалог со академскиот кадар. ДУИ е во комплицирана ситуација и треба многу претпазливо да се прават следните чекори, затоа што, сепак, станува збор за интерес на студентите и академскиот живот“, вели професор Јашари.

Покрај искричењата со Тетовскиот универзитет, но и воопшто од севкупната атмосфера во државава, се чини дека од трите партии на Албанците, ДУИ е во најнезавидна позиција. Освен што има внатрепартиски проблеми од се' поголемото незадоволство на членството поради начинот на кој функционираат како коалиционен партнер во Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, барањето начини како да се добие улогата на рамноправен партнер во власта, потоа од се' погласните пораки кои ги добиваат од граѓаните, но и секојдневните напади и критики од страна на опозицијата. Истовремено, и претстојните случувања што се најавуваат со реконструкцијата на Владата уште повеќе ги заоструваат односите во партијата на Али Ахмети, каде што веќе подолго време врие.

ДПА, пак, самоуверено и упорно го турка новиот договор на Македонците и Албанците, претставувајќи го како единствен спас за иднината на државата и истовремено обвинувајќи ја ДУИ дека не го имплементира Охридскиот договор. И покрај тоа што евроамбасадорот Ерван Фуере јасно му порача дека нема место за нови договори, затоа што, како што рече, „патот на Македонија кон ЕУ води преку Охрид“, документот беше претставен и прифатен од Централното претседателство и од Централниот одбор на ДПА.

Во Нова Демократија се' посилно и позабрзано се работи на зајакнување на партиската инфраструктура и мотивирање на партиското членство. Најавите дека е можно во партијата на Селмани да преминат и градоначалниците на Тетово и на Гостивар, Сади Беџети и Руфи Османи, дополнително ги вознемирија духовите во ДУИ и во ДПА.


Статијата е прочитана 872 пати.

Испрати коментар

Од: lili
Датум: 06.07.2009 05:32:50
DUI e stabilna politicka partija, e pobednik vo albansko politickiot kampus, vladinata koalicija e stabilna ima apsolutno mnozinstvo vo drzvavnoto sobranie, DPA so toj ostatok sto ostana nema poveke doverba kaj albancite i nejzinite tezi se poveke od poznati, samo koga se vo opozicija se potsetuvaat na ramkovniot dogovor, imer selmani neka ceka narednite parlamentarni izbori i ke vidime dali Nikolla Gruevski ke mu dade 110.000 glasovi.....
Од: [email protected]
Датум: 06.07.2009 07:24:04
Bravo albanci vie ste za makedonija , vije otepajtese megu sebe a grueski i svojot narod ja teraat svojata rabota.....
Од: tetovcanec
Датум: 06.07.2009 09:31:20
Do g -din LILI, ako ti mislis deka vo DOI se e vo red se lazes mnogu, vrie na sekade, ako Ali Ahmeti ne prevzema merki za reformiranje na partijata i organite na DUi, so ovaa clenstvo ke mu se sluci isto kako na PDP...situacijata e mnogu fleksibilna ...a zosto, sami si dojdoa do ovaa situacija...
Од: Роби
Датум: 06.07.2009 10:06:07
Точно е дека ДУИ ги добија изборите кај албанскиот електорат, но гледано од страна имаат најлош кадровски потенцијал од сите албански партии. Трупки невидени.
Од: Ina
Датум: 06.07.2009 14:29:36
Ne li biva Albancite da ne glasaat tuku da vlezat vo parlament direkt spored procentualna zastapenost ama bez pasosite od Crvenkovski.Gluposti nevideni.Za pomladite stanuva zbor za 150000 drzavjanstva so koi Crvenkovski i Gligorov gi pocestija Kosovarite pred izbori.

Најди! во Утрински
Политика
Ескалира судирот Тетовски универзитет - Министерство
Македонците во Албанија не гласаа за себе
Во Македонија политичкиот терор позастапен од сексуалниот