Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Македонците во Албанија не гласаа за себе

Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија не доби ни едно пратеничко место

Киро Кипроски

Не се остварија очекувањата на раководството на Македонската алијанса за европска интеграција дека во првото учество на парламентарни избори во Албанија, кои се одржаа во неделата, ќе освојат најмалку еден пратенички мандат или, пак, два-три.

Во областа Мала Преспа, каде што се типуваше за сигурен пратеник, поради поделеноста на Македонците и недоволниот одѕив на гласачите, нивната партија доби 450 гласа од излезените 2.100 лица. Најмногу гласови освои коалициониот партнер на Македонската алијанса, Демократската партија на Сали Бериша - 920, Социјалистичката партија на Еди Рама - 605 и Грчката партија за човекови права - 87 гласа.

Македонската партија ги мотивираше Македонците да излезат на гласање, со што се покажа дека македонско малцинство не живее само во областа на Мала Преспа, туку ги има на целата територија на Албанија, во областите на Голо Брдо, на Гора, во градовите Кукс, Тирана, Корча, Валона, Билиште и во други градови и нивните селски населби. Всушност, ова беше и пробен попис, што во натамошните анализи и активности ќе и' биде потребен на македонската партија.

Раководството на Македонската алијанса е задоволно од првото учество на парламентарните избори, без разлика што не беше освоен пратенички мандат. Според зборовите на првиот човек на партијата, Едмонд Темелко, битно е тоа што се потврдиле нивните тврдења дека Македонци живеат на целата територија на Албанија. По изборите, очекува во сите области каде што е концентрирано македонското малцинство да се подобрат условите за живеење, да добијат поголеми малцински права, да можат во основното и во средното образование да учат на мајчин македонски јазик, да се чувствуваат како Македонци...

Македонската алијанса на парламентарните избори настапи со мотото „Гласајте македонски, гласајте по нашки“. Зошто со вакво мото? Темелко ни објасни дека на предизборните средби и разговори со Македонците кои живеат во областите Гора, Голо Брдо, во градот Билишта и околината и во други места, почувствувале дека Македонците се' уште имаат страв да го изговорат зборот Македонец, а зборуваат на чист македонски јазик, некои и не го знаат албанскиот јазик. Некои се' уште мислат дека живеат во Енверова Албанија, а не во демократска!

Темелко вели дека кога им го поставил прашањето: кои сте вие, на кој јазик зборувате, одговорите биле исти: ние сме наши, зборуваме по нашки. Но, стравот бил поголем.

Македонците во Албанија се' уште го носат историскиот товар. Македонските интелектуалци во Албанија ни велат дека уште многу години треба да минат да се промени свеста на нашинците, да се ослободат од стравот и да ја разберат демократијата, дека секој може секаде и секогаш, без страв дека ќе биде суден и затворен, да размислува со своја глава и јавно да го кажува своето мислење, своето чувство.

Изборните резултати на Македонска алијанса ќе и' послужат да создадат база на податоци каде и во колкав број Македонци живеат во Албанија. И покрај тоа што не освоија ниту едно пратеничко место, ако Демократската партија на Сали Бериша формира влада, Македонска алијанса како коалиционен партнер ќе влезе во извршната власт на Албанија.


Статијата е прочитана 1417 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 06.07.2009 06:51:00
A zosto ne lazat mediumite sekogas pred izbori, taka sto vo Grcija ke osvoila edno mesto sega ni zboruvaa dve pratenicki mesta vo Albanija, a vo Bugarija sigurno i tamo nema ni edno pratenicko mesto
Од: bitolcanec
Датум: 06.07.2009 09:53:40
abe aj dosta se lazete samite sebesi so 400 glasa qe ste dobiele pratenicko mesto abe aj gitla pozzz do utrinski
Од: Гоце
Датум: 06.07.2009 10:29:38
Македонската Алијанса доби 0.08%, и тоа само покажува како македонските медиуми цело време не лажеа и ја дезинформираа јавноста. А господинот Темелко нека одговара кај се 150илјадите Македонци како жо самиот тврдеше. На крај излезе дека навистина има само 4000 илјади Македонци во Албанија. Поз до Утрински
Од: nekoj
Датум: 06.07.2009 10:56:31
Da be, se nekoj e kriv i sekogas ima nekoja "mnogu logicna" pricina zosto ima tolku malku glasovi /citaj glasaci/. Istoto se slucuva i vo Bugarija i sekade. Ama nekoi maheri ke dojdat vo Skopje ke gi nas'skaat ovdesnite politicari i zimaat pari za da dokazat deka vo sosednite drzavi zivee golem/ upsss mnogu mal/ broj makedonci. I dodeka ima ovci ke ima i koj i sto da se strize, neli?
Од: zapadna ev
Датум: 06.07.2009 11:26:27
zaboravate edna rabota vo site zemji se vrsi asimilacija pa ludje duri i vo mala prespa glasat za albanski partii nee kako vo mak kade malcinstvo bara da vladee so cela zemja.
Од: Бозо
Датум: 06.07.2009 12:30:24
Сето тоа сега се само оправдувања, а всушност вистината е дека тие се минорно малцинство. До кога ќе се залажуваме себеси и ќе учиме низ училишните книги дека во околните земји живее неколку стотина илјадно македонско малцинство?! Да, таму има луѓе со наша крв, но тие денес не се препознаваат во нас, зашто ние после 1945 прво станавме Југословени, а денес сме Хунзи.
Од: ilija
Датум: 06.07.2009 14:47:12
do:zapadna ev Kako taka asimilacijata pokazuva osoben interes i uspeh,sekogash,bash kaj Makedoncite??? Vo Grcija kaj sto ziveat Makedonci pobeduvaat konzervativni Grchki partii...Vo Bugarija,vo "nashiot Pirin" na vlast se Blgarski nacionalisti....A ovde po mediumi nashi imalo mal milion ama ne mozele.bile tepani, ne smeele...Vo Srbija,kaj sto gi imame site prava,vo krugot na Panchevo,podeduvashe so godini Sheshelj...Pa koj e ovde lud,koj e zbunet,a koj normalen???
Од: Ivan
Датум: 06.07.2009 14:53:06
Da ne bese smesno ke bese tragicno. Nie od ovde im pomagame niv, a tie glasaat za albansak partija. Sepak ist e slucajot i so makedoncite vo Grcija. Bugarija, Kosovo i Srbija. Nie se cukame gradi deka ima makedonci i tamu, a tie so vakvoto glasanje samo go potvrduvaat ona sto go velat tamosnite vlasti-deka nema makedonsko malcinstvo.
Од: од менe
Датум: 06.07.2009 15:09:36
A бе луѓе, што мајтап си играат новинарите со нас. Па како можат Македонците во соседните земји да бидат единствени кога нас овде ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не поделија до таа мерка да едни со други ќе се истепаме. Па и новинарите се поделени, читај измеќари на една од овие две партии.

Најди! во Утрински
Пол��тика
Предземјотресни потреси во албанскиот кампус
Ескалира судирот Тетовски универзитет - Министерство
Во Македонија политичкиот терор позастапен од сексуалниот