Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Хроника

Затвореник избоден со нож во „Идризово“

Обид за убиство на затвореник во најголемиот затвор во земјава „Идризово“. При расправија меѓу двајца осуденици, едниот од нив замавнал со нож, нанесувајќи му на затворскиот цимер убоди во пределот на главата, во вратот и во стомакот. Повредениот веднаш е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што е хоспитализиран поради тешките телесни повреди. Од полицијата најавуваат дека против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство.

Како што информираат надлежните, инцидентот се случил завчера попладне околу 16 часот. По враќањето на осудениците од редовна прошетка од затворскиот двор во просториите на затворот, меѓусебното нетрпение меѓу двајцата осуденици, кои се наоѓаат зад решетки поради извршени кражби и разбојништва, кулминирало со вербална расправија.

„Во еден момент дваесет и осумгодишниот Б. М. (28) извадил нож со кој му нанел неколку убоди во телото на скопјанецот В.Ѓ. (29). Повредениот затвореник успеал да се оттргне и да побегне“, информираат од полицијата.

Избодениот истрчал надвор во ходникот каде го забележал надзорник во затворот. Веднаш му била укажана прва помош во домската амбуланта. По кратко време со возило на затворот, повредениот е пренесен во Ургентниот центар, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

На осуденикот што ја предизвикал расправата, изречена му е мерка дисциплински престап и е издвоен во посебна просторија. Од полицијата, пак, најавуваат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство. Неофицијално, затворениците се расправале за дрога. Ова е последниот од серијата инциденти што го потресуваат затворскиот систем во земјава. Пред десетина дена во „Идризово“ имаше масовна тепачка кога група осуденици се обидоа да се пресметаат од друга група, при што беше повреден надзорник.

За инцидентите во затворите досега одговорност не понесе никој од одговорните. Управата за извршување санкции има поднесено листа на неколку директори на затвори што треба да бидат разрешени поради пропусти во работењето. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 610 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Фатен организаторот на големата проневера во Комерцијална банка
Ќе се обнови изгорената резба во Теќето
Закани за семејството на Канческа
Бездомникот го згрижувале и го лекувале, но безуспешно
Полов напад врз деветгодишно девојче
Топола падна врз куќа во Прилеп
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census