Топола падна врз куќа во Прилеп
ПРИЛЕП - Врз покривот на куќата на семејството Котески во прилепската населба Жабино Маало вчераутро околу 9,30 часот падна топола. Во тој момент во куќата биле сите членови на семејството, но чиста случајност е што никој не е повреден. Урнат е дел од покривот, уништени им е годинешниот род од 150 бали тутун, а имотот не е осигурен, велат Котески.
Полицијата најавува кривична пријава против сопственикот на тополите и возачот на машината, сопственост на градежна фирма, кој ја сечал тополата. Возачот побегнал од местото на настанот, а полицијата трага по него. (Мн.Т.) |