Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Хроника

Ќе се обнови изгорената резба во Теќето

ТЕТОВО - Изгорените триесетина квадрати резба во собата за молитви на Арабати баба-теќе во Тетово ќе бидат обновени. Реконструкцијата ќе биде изведена на автентичен начин, исто како што била направена пред повеќе од 300 години. Ова е договорено при вчерашната посета на тетовското Теќе на вицепремиерот Абдулаќим Адеми и директорот на Националниот конзервативен центар, Бехиџудин Шехаби.

Муфтијата на тетовското муфтиство, Алифекри ефенди Есати, даде поддршка на иницијативата и вети дека зад реконструкцијата стои и ИВЗ. „Владата дава поддршка Теќето да се обнови. Стоиме зад сите иницијативи и во овие тешки мигови. Теќето треба да го задржи сјајот што го имаше и да продолжи да биде споменик на историјата и културата“, рече Абдулаќим Адеми.

Од Националниот конзерваторски центар велат дека во Теќето веќе три години се врши обновување на одделни делови. Почнато е со уредување на оградниот ѕид, а паралелно ќе се реконструираат и 28 објекти што се наоѓаат на површина од 18.500 квадратни метри. „Ќе се инвестира во реконструкција, ќе продолжиме со обновување на Теќето. По оградните ѕидови почнуваме со турбето, а потоа на ред е објектот наречен Голем меидан или Мизафир Хана“, рече Шехаби, кој притоа нагласи дека е неминовно бекташите да покажат поголема грижа за одржување на објектите во Теќето.

Во пожарот што избувна во неделата во депото што го користи бекташиската заедница, беа зафатени резбата на таванот изработена во дрво стара над 300 години. Пожарот избувнал додека во соседната соба имало најмалку десетина верници што се вклучиле во гаснењето. Според првичните информации, пожарот избувнал поради прегреана светилка поставена во близина на перничиња што први се запалиле, а потоа огнот се проширил низ целата просторија. Хаџи баба Едмонд Рахимаји, поглавар на бекташиската заедница во Македонија, смета дека пожарот е подметнат со цел да се изврши притисок бекташите да го напуштат Теќето. „Полицијата треба да го расчисти случајот. Треба да добиеме поддршка од надлежните да се регистрира нашата заедница. Ние не сме посебна вера, туку посебна заедница“, вели Рахимаји. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Фатен организаторот на големата проневера во Комерцијална банка
Затвореник избоден со нож во „Идризово“
Закани за семејството на Канческа
Бездомникот го згрижувале и го лекувале, но безуспешно
Полов напад врз деветгодишно девојче
Топола падна врз куќа во Прилеп
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census