Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хроника

Побегнал од затвор оти и' љубоморел на сопругата

БИТОЛА - Од љубов или од љубомора побегнал осуденик од битолскиот затвор за да ги расчисти сметките со сопругата. Откако неговата понежна половина му соопштила дека нашла работа за себе, затвореникот не дочекал да се раздени. Вечерта веднаш нашол начин како да се соочи очи в очи со сопругата.

Меѓутоа, совесниот затвореник по бегството, заѕвонил на телефонот на затворската управа и ги известил надлежните раководители дека не мора да го бараат со потерница, бидејќи сам ќе се врател во ќелијата откако ќе ги надминел несогласувањата со сопругата.

Станува збор за 30-годишениот битолчанец И.Л., кој завчеравечер побегнал од затворот „Црн мост“, кад�� што одлежувал казна за разбојништво, дрога, учество во тепачки, тешки кражби и други кривични дела. Ова не е негово прво бегство. Тоа го практикувал и во изминатите години. „Осуден е на седум години и три месеци казна затвор, но на бегалецот му преостанува да одлежи уште една година и осум месеци“, велат од управата на битолскиот затвор.

„Ова што се случи со осуденикот не го сметаме за бегство, туку за оддалечување. Тој и претходно направи така и пак се врати назад за кусо време. Очекуваме и сега да се врати. Овој пат замина од затворот во моментот на престројувањето. Најверојатно, со помош на други затвореници, бидејќи имал некои семејни недоразбирања“, потврдува Славко Гацовски, управник на затворот во Битола.

Бегствата на осудениците од битолскиот затвор станаа секојденевје. Само во последните месеци во јавноста беа откриени четири бегства на осуденици. Според затворениците, состојбите во битолскиот затвор од ден на ден стануваат неподносливи. Осудениците континуирано се жалат на лошата исхрана, на кратењето и неисплаќањето на дневниците за работа, а сега реагираат дека управата се' уште не им обезбедила греење во ќелиите. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1732 пати.

Испрати коментар

Од: goce
Датум: 22.10.2010 14:06:31
Ова што се случи со осуденикот не го сметаме за бегство, туку за оддалечување. Тој и претходно направи така и пак се врати назад за кусо време. Очекуваме и сега да се врати. .....abe kaaade drzava sakas posle

Најди! во Утрински
Хроника
Се удави жена во водите на Вардар
Бистите на хероите во визби
Четирикратното убиство во Копаница пред Врховен суд






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency