Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хроника

Бистите на хероите во визби

Тетово се мисли каде да ги стави бистите на народните херои Тодор Циповски и на Гоце Стојчевски

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Бистите на двајцата народни херои од Тетово, Тодор Циповски-Мерџан и Гоце Стојчевски-Амбарче, повеќе од две години се наоѓаат во визби изложени на прав и на други можни оштетувања. На новиот реконструиран плоштад, најверојатно, ќе нема место за нив.

„Целата постапка за реконструкција на плоштадот, заклучно со тендерот и почетокот на работите, била на претходното општинско раководство. Тоа е одговорно за симнувањето на бистите од местото каде што биле поставени. Официјално, во Општината нема информација каде се и во каква состојба се наоѓаат“, вели Фљакран Пустина, портпарол на Општина Тетово.

Реконструкцијата на централниот дел на Тетово официјално е започната на 4 октомври 2008 година. Тендерот го добила градежната фирма „Еуропроект“ од Тетово, кој е изведувач на работите. Отстранувањето на постаментот и изнесувањето на бистите било извршено уште во првите денови. Овој чин не се одвивал пред очите на јавноста, зашто целиот простор бил ограден со висока ограда и без увид што се работи. Работите се изведувани под стручно надгледување на надзорен орган. Реконструкцијата се' уште не е довршена, а работите траат повеќе од две години.

„Колку што ни е познато, бистите ги зел изведувачот на работите. Неколку пати во Советот на Општината го инициравме прашањето за поставување на бистите, но досега нема конкретна активност. Речено ни е дека ќе бидат поставени кога ќе завршат работите. Сметаме дека локалната власт е таа што треба да покаже поголем интерес и грижа за спомениците“, ни рекоа членовите на Советот на Општина Тетово, Драган Давидовски (ВМРО-НП) и Зоран Митревски (НСДП).

Од Боречката организација во Тетово добивме информации дека „бистите се на сигурно место“ и дека со општинските органи е постигнат договор за нивно поставување. „Не инсистираме да бидат вратени на истото место каде што беа неколку децении. Меѓутоа, бараме да се постават во центарот на градот, пред Центарот за култура, каде што сега се наоѓаат Споменикот на револуцијата и Жена-борец“, рече Стојан Петрушевски од Сојузот на борците од Тетово.

Најнапред било договорено поставувањето да се изврши на 8 Септември - Денот на независноста, а потоа на 11 Октомври - Денот на востанието. Бидејќи тоа не се случи, сега очекуваат бистите да бидат поставени за 19 Ноември - Денот на ослободувањето на Тетово. Секретарот на Општина Тетово, Дрита Мехмети, ни потврди дека било пристигнато официјално барање од Боречката организација. „Ова барање ќе се најде пред советниците на првата наредна седница. По негово разгледување и произнесување, ќе бидат преземени соодветни дејства“, вели Мехмети.


#
Статијата е прочитана 1265 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 22.10.2010 16:13:04
Ценам дека воопшто не е претерано ако се каже дека, токму преку односот кон паметниците од НОБ, актуелната власт (ДПМНЕ-ДУИ) на најпровиден начин го открива своето вистинско неофашистичко лице. На кој можат да му пречат бистите на борците паднати за стварање на оваа држава?! Само на оние на кои им пречи постоењето на оваа држава, а тоа се денешните наследници на балистичката политика, како и денешните претставници на секојпат присутниот, но како никогаш до сега прикриен врховизам (пак ДПМНЕ-ДУИ). И, чии бисти ќе ги гледаме наскоро на нашите плоштади, на Ванчо Михајлов и на Џемаил Хасани?! Ќе ги видиме. Кога ќе се ослободиме од сенките на нашето минато?! Никогаш, ако некој тоа минато постојано го повампирува. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: od mene
Датум: 23.10.2010 13:58:16
Od kogo ke postavat bisti be sega? Od Adolf Hitler? E pa stavete gi i javete se vo evropa da vidak do kade Vi e stignata reformata...
Од: De Niro
Датум: 24.10.2010 06:23:45
Za zal Makedonija od zemja so svetla revolucija i prosvetleni ideali napravija zemlja kade vladeat profasisti, vrhovisti, bugarofili i balisti. E, sto ocekuvate-da ostane Makedonija i da bidat socuvani secavanjata na onie sto vistiski go ostavija zivotot za nas i nasata idnina. Nemoj da bidete smesni, od toa ne biva nisto. Ova e gotova rabota. Unisteno e se. I svesta i patriotskiot odnos, a razvieni se so premisla drugi vrednosti-pripadnost na Anitcki koreni ( socuvaj boze od covecka glupost), pripadnost na nesto sto ne znaemo i ne mozeme da go objasnime. Eh, Tito, Tito, samo da stanes na moment da gi razmavas ovie staorci...

Најди! во Утрински
Хроника
Се удави жена во водите на Вардар
Четирикратното убиство во Копаница пред Врховен суд
Побегнал од затвор оти и' љубоморел на сопругата






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency