Се удави жена во водите на Вардар
„Со колегите се стрчавме, но, за жал, не можевме да и' помогнеме, бидејќи таа веќе беше мртва“, вели Назми Асани, очевидец на несреќата
ГОСТИВАР – Четириесетгодишна жена се удави во водите на реката Вардар на излезот од Гостивар. Според очевидците, жената се претпоставува дека паднала во реката неколку стотина метри над болницата, а трупот беше пронајден во атарот на гостиварското село Мало Турчане.
Жената што се давела и нејзиниот повик за помош бил забележан од вработени во гостиварската болница завчераутро околу 8,30 часот. „Слушнав како некој панично бара помош. По��икот доаѓаше од правец на реката Вардар. Кога погледнав, забележав жена што се дави и бара спас. Со колегите се стрчавме, но, за жал, не можевме да и' помогнеме, бидејќи таа веќе беше мртва. Коритото на реката беше најдодено и водата многу брзо го носеше трупот“, раскажува Назми Асани, возач во гостиварската болница.
Екипа на противпожарната служба успеала да го извади удавеното тело на жената. По наредба на истражен судија, вчера беше извршена обдукција на телото на удавената жена. Нејзиниот идентитет се утврдува. (К.К.) |