Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Македонија

Нови патишта во Могила

БИТОЛА - Општина Могила наскоро ќе почне неколку нови инфраструктурни проекти со пари од Светска банка и од Европската банка за обнова и развој. Со финансиска поддршка од програмите на Светска банка ќе биде обновен патот од Радобор до село Чарлија во должина од два километра. Притоа ќе биде поставен нов слој асфалт, а патот ќе биде проширен и ќе бидат поставени нови банкини.

Градоначалникот на општина Могила, Славко Велевски, најави дека следната недела доаѓа делегација на ЕБОР за да ги мониторира коловозите што ќе се обноват со нивна финансиска поддршка.

„Планирана е рехабилитација на три патни правци до селото Црничани во должина од еден километар, потоа пат до селото Путуруз во должина од 1,5 километар и коловоз за селата Беранци и Српци што се приклучува на регионалниот патен правец Р-106“, објасни градоначалникот Велевски.

Вкупната инвестиција за патиштата на подрачјето на Могила изнесува повеќе од 20 милиона денари, велат од локалната самоуправа. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар

Од: Bitolcanec
Датум: 17.11.2010 18:29:21
Sto imas investirano vo selo Vaserejca , posto toa selo e pod nadlezmost na opstina Mogila. be crni Veleski. Odi vidi kakvi se ulicite vo seloto i ulica od 300 metri ti e samo 100 metri asfaltirana a celo selo ima samo 800 metri ulici. Za odvodnite kanali da ne zboruvame, a si napravil igraliste vo seloto, so asfalt 10 na 10 metri. Nemoj da baras mandat povtorno od toa selo.
Од: kanabis patista
Датум: 17.11.2010 21:51:26
Samo g-dine Valevski. Koga ce gi gradite patistata ledajte icistetego i diviot konop( kanabis) za da ne nastrada nekoj ni kriv ni dolzen

Најди! во Утрински
Македонија
Лажни сестри оперирале низ Скопје
Моликовите шишарки атрактивни украси на европскиот пазар
Ѕвездите на „Гранд“ ќе парадираат на Пинк15
Инвестиција од 400.000 евра во млекарница
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011