Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Македонија

Инвестиција од 400.000 евра во млекарница

Македонско-бугарска фирма ја модернизира технолошката линија за млечни производи

Моника Талеска



ПРИЛЕП - „Сирма-Пелистер“ е мешовитата бугарско-македонска фирма, која ги рестартираше производствените капацитети на прилепската млекарница. Со инвестиција од 400.000 евра, целосно е имплементиран ХАСАП-стандардот и е модернизирана технолошката линија за млечни производи. Планот на новите сопственици е 30 отсто од производството да се пласира на домашниот пазар, а останатите 70 проценти да биде наменето за извоз.

Моментално е искористен мал дел од расположливиот капацитет од 40 тони дневна преработка на млеко, но се планира проширување на обемот на произодство. Проблем е недовербата на кооперантите по аферата со „Сведмилк“, но сопствениците се надеваат дека со својата деловност и професионалност ќе ги придобијат млекарите.

„Моментално дневно се откупуваат и се преработуваат 8 тони млеко. Но, ние планираме да го зголемиме капацитетот од сегашните 40 на 60 тони дневна преработувачка. Ги посетуваме сите фарми во регионот и настојуваме да потпишеме договори со индивидуалните производители. Со млекопроизводителите се договараме и за начинот и за рокот на исплата. Најниската откупна цена е зголемена и изнесува 16 денари, а највисоката 20 денари за литар“, вели Тоде Ивановски, еден од сопствениците на мешовитата фирма „Сирма-Пелистер“.

Оваа фирма потпишала шестгодишен договор за закуп на капацитетот на млекарницата со фирмата-сопственик „Индустрија за млеко-Прилеп“. Моментално се ангажирани 18 вработени, а тројца од нив, инженери-технолози се дојдени од Бугарија. Сопствениците планираат од идниот месец освен бело и биење сирење и кашкавал, да почне производство и на пресно и на кисело млеко, кои ќе бидат пласирани на домашниот и на странските пазари.

Освен во Прилеп, „Сирма-Пелистер“ гради нов капацитет за млечни преработки и во Битола. „Ќе бидат инвестирани околу 1,5 милиони евра. Планираме до јуни да завршат градежните работи и објектот во Битола да се стави во функција“, додава Ивановски.

Дека кооперантите немаат многу доверба при отворање нови млекарници потврдува и заменик-министерот за земјоделство, Перица Ивановски. „Проблемите при затворање на една од поголемите млекарници пред две години оставија последици и во делот на производството и во делот на довербата кон самите откупувачи на млеко. Меѓутоа, има се' поголем интерес од бизнисмените да инвестираат во преработката на млекото“, изјави Ивановски.

Тој потенцира дека Министерството ќе го стимулира развојот на оваа гранка. На фармерите ќе им се исплаќаат субвенции во висина од 2,5 денари за литар млеко, а преработувачите ќе можат да го модернизираат своето производство, алицирајќи за користење средства од Програмата за рурален развој и од ИПАРД-програмата.


#
Статијата е прочитана 1239 пати.

Испрати коментар

Од: gogo
Датум: 17.11.2010 20:59:10
Sirma moze da se slika pred Bimilk.Vo Bitola takvite kako sirma samo za struja pari vadat.Ke ve someleme sirma.Da zivee Bimilk

Најди! во Утрински
Македонија
Лажни сестри оперирале низ Скопје
Моликовите шишарки атрактивни украси на европскиот пазар
Ѕвездите на „Гранд“ ќе парадираат на Пинк15
Нови патишта во Могила
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011