Лажни сестри оперирале низ Скопје
Медицински сестри врбувале пациенти за прегледи во Скопје, лажно претставувајќи се дека се од приватната болница „Филип Втори“. Четири девојки злоупотребувајќи го името на кардиохирушката специјалната болница, на граѓаните им ветувале преглед кај д-р Жан Митрев, и за тоа, според реакциите на граѓаните, наплаќале четири илјади денари. Тропајќи од врата на врата по станови и куќи, девојките продавале и ортопедски појаси, влошки, како и лекови. Лажните медицински сестри, според очевидците, оперирале во Скопскиот регион, а последен пат се забележани во населбата Ченто.
За случајот е информирано и Министерството за внатрешни работи, а болница се оградува од овие немили случки и ги известува граѓаните дека закажувањето преглед, дијагноза и начин на лекување се врши само во просториите на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“. (Ј.Ј.) |