Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Хрватска и Италија во финалето на ЕП во ватерполо

Ватерполо-репрезентациите на домаќинот Хрватска и на Италија ќе се сретнат во финалето на 29. Европско првенство што ќе се одигра вечерва од 21 ч. во базенот „Младост“ во Загреб. „Коцкестите“ во полуфиналето ја совладаа Србија со 10:9 (2:1, 4:4, 2:2, 2:2), а Италијанците ја победија Унгарија со 10:8 (2:0, 2:3, 4:3, 2:2).

„Дадовме се од себе. Со ваква публика не беше тешко да загубиме. Мечот беше исклучително ��ежок. Направивме неколку грешки, а Хрватска ја заслужи големата победа. Ова е не е крај за нас. Одиме по бронзениот медал“, изјави Вања Удовичиќ, моментно најдобар светски ватерполист.

Стрелец на клучниот погодок на пет секунди до крајот беше Михо Бошковиќ. Во мечот имаше 50 отсто реализација, но важен е последниот гол, гол за финале.

„Ни беше потребен некој со мирна глава и рака. Овој пат тоа бев јас. Сукно се подготвуваше да го изведе петерецот, иако не е вообичаено еден ист играч да изведе два пенала. Одлучно ја презедов таа одговорност. Убеден сум дека и Сукно ќе погодеше, меѓутоа ете ми се укажа можност и ја искористив“, ги опишува Бошковиќ последните пет минути од натпреварот.


#
Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Литванија ја разби Аргентина, САД ја елиминира Русија
Гјан
Колапс
Батон најбрз на првиот тренинг во Монца