Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Вести

Батон најбрз на првиот тренинг во Монца



Џенсон Батон покажа дека не се очекува само на хартија од Мекларен да биде брз во трката за Големата награда на Италија в недела, туку и на самата патека во Монца. Бранителот на титулата беше најдобар на првиот вчерашен тренинг, извозувајќи го најбрзиот круг од 1:23,693 мин. Себастијан Фе��ел од Ред бул беше втор со заостанување од само 0,097 сек., а лидерот во вкупниот поредок Луис Хамилтон од Мекларен оствари трето најдобро време.

Ферари не се прослави на првиот тренинг пред домашното гран-при: Фернандо Алонсо заврши осми, а Фелипе Маса деветти.

Ватерполо

Трнлив пат за МакедониЈа до ЕП 2012 во холандиЈа

Дебаклот на македонските ватерполисти на Европското првенство во Загреб се одрази и врз квалификациите за следниот шампионат по две години во Холандија, бидејќи Македонија ќе игра во групата Ц заедно со Шпанија и со Белорусија. Според новиот систем на квалификации, ќе се игра по принципот секој со секого дома и на гости, а во втората фаза ќе продолжат двете најдобри селекции од секоја од шесте групи. И во вториот круг квалификации ќе се игра по групи, при што од 12 преостанати селекции место на ЕП ќе има за шест.

Шпанија падна во групата со Македонија како осмопласирана на ЕП во Загреб откако вчера во мечот за седмото место загуби од Романија со 8:7. Во единствениот меѓусебен дуел на ЕП 2008 во Малага „фуријата“ во средбата за седмото место ја декласира Македонија со 15:5.

Од Белорусите, пак, загубивме во мечот за третото место на ЕП 2007 (Б-дивизија) во Манчестер, а ги совладавме на квалификацискиот турнир во Скопје за ЕП 2008. (Р.Д.)

Џудо

Сарафов елиминиран на стартот од СП во Токио

Ванчо Сарафов уште на стартот го заврши настапот на Светското првенство во џудо што се одржува од 9 до 13 септември во Токио. Тој не ја заврши борбата со Калем Качур од Канада во категоријата до 81 кг.

Вториот македонски претставник на Мундијалот, Јованка Гусакоска, ќе стартува директно од второто коло во категоријата до 57 кг., каде што ја чека Кубанката Јурилеидис Лупетеј. (Р.Д.)

Борење

ТроЈца Македонци на мундиЈалот во Москва

Македонија ќе настапи со тројца борачи на СП во слободен стил што почнува денеска во Москва. Претпладнево во елиминациите ќе се појават Дејан Богданов во категоријата до 84 кг и дебитантот Александар Георгиев (96 кг), а в недела ќе стартува и Дејан Митров (66 кг). (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Литванија ја разби Аргентина, САД ја елиминира Русија
Гјан
Колапс
Хрватска и Италија во финалето на ЕП во ватерполо