Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Колапс на македонскиот спорт

Роберт Димитриевски

Во само десетина дена љубителите на спортот во Македонија не видоа бел ден. Пораз до пораз на меѓународната сцена. Црната серија ја отвори кошаркарската репрезентација на 29 август со поразот во Сараево од Босна и Херцеговина во последниот круг од квалификациите за Европското првенство 2011 во Литванија. ��изата неуспеси (засега) ја заокружија најдобрите македонски ватерполисти на 9 септември против Русија на ЕП во Загреб. Во меѓувреме, Металург стана првата наша ракометна екипа што не стигна до групната фаза од Лигата на шампионите, завршувајќи последен во квалификациската група во Порто во конкуренција на домаќинот, на Динамо Минск и на Запорожје. Ватерполистите ги загубија сите шест натпревари по стартната победа над Русите, а капак на се' беше дебаклот на националниот фудбалски тим против Словачка и посебно со Ерменија во квалификациите за ЕП 2012 во Полска и во Украина.

Сумирано, крајот на август и почетокот на септември македонските спортисти ги обележаа со десет порази, со две нерешени и со нула победи! А избраниците на Мирсад Јонуз најавуваа конечно бегство од фамозното четврто место во седум од осумте досегашни квалификациски циклуси за ЕП и за СП, па дури и бараж. Ватерполистите очекуваа да го достигнат барем осмото место од претходниот еврошампионат во Малага 2008, а завршија на дното меѓу 12 селекции во Загреб. „Металурзите“, пак, и со Лино Червар на клупата и засилени со „половина“ Вардар про беа кадарни само за едно реми во трите одиграни средби во Порто, и тоа со реализиран седмерец во последните секунди.

Од лошо - полошо. Каква шлаканица за се' помалиот број непоправливи оптимисти меѓу македонските навивачи на трибините или покрај малите екрани додека нивните миленици се борат на спортскиот терен. За кого да се полнат стадионите, салите и базените кога се' помалку има причини за радост и за славење. Затоа и не треба да чудат неисполнетата Северна трибина на арената „Филип Втори“, единствената во функција за мечот со Ерменија, како и изливот на фрустрации во вид на недолично скандирање и навредување на селекторот и на фудбалските репрезентативци.

Спортските фанови во Македонија, едноставно, се гладни за некаков успех. Тоа го покажаа со преполнувањето на салата „Борис Трајковски“ и со френетичното бодрење на кошаркарската селекција во августовските евроквалификации. Колку малку им треба за да се „запалат“ сведочат и инвазијата на Хрватска за време на ланскиот ракометен мундијал, како и на Полска во почетокот од ЕП во кошарка исто така минатата година.

Насекаде во светот спортот е вентил за празнење на вишокот енергија и на емоциите на луѓето, кои во него бараат бегство од животната монотонија и од секојдневните проблеми. Кај нас, пак, тој се' повеќе се претвора во дополнителен извор на нервоза и на агресивност.

Камо среќа последниве катастрофални резултати да се обична коинциденција, непријатна епизода што ќе ја наследи нов подем на спортски план. Македонија не е „боса“ во таа смисла, има дадено 13 освојувачи на олимписки медали, но само еден во овие 19 години независност, во кои на клупско ниво се' се сведува на европската титула на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров. Тоа недвосмислено зборува за недостиг од стратегија, за неквалитетен тренерски кадар, за селекција на таленти со врски, за неконтролирана натурализација, за лоша спортска инфраструктура, за финансирање непотребно голем број спортови место малкуте средства да се сконцентрираат таму каде што имаме природни предиспозиции и некаква традиција.

Сето ова им е совршено јасно на сите што на каков и да е начин се поврзани со спортот, но резултати нема, па нема. И така веќе две децении, на ужас на сите што сакаат и да се пофалат со некаков спортски успех, а не постојано да ја наведнуваат главата. Бидејќи, секој сака да се идентификува со победниците. Одамна помина времето кога беше важно да се учествува, колку да се промовираат државата и името Македонија во првите години по осамостојувањето.


#
Статијата е прочитана 3180 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 11.09.2010 12:10:20
Важно имаме стадион од 100 милиони евра.... Тоа е Македонија - земјата на чудата....
Од: ilija
Датум: 11.09.2010 13:08:49
da toa mozeme slobodn dago kazeme no zatoa nese vinovni samo sportistite nego pogolema vina imat sportskite rabotnici bidejki oni nese izbirat po sposobnost nego po partijska prpadnost.
Од: Realist
Датум: 11.09.2010 14:28:21
Makedonija propadna site alki se povrzani ama nie go doprevme dnoto nema sport nema kultura pa normalno koga ekonomija nema 20 godini se e za nikade samo kurupcija.....................za reprezentacija da igras plakas po 5000e za da vlezes vtoro poluvreme do koga bre se samounistivme
Од: kremenko
Датум: 11.09.2010 15:03:08
Gospoda za da ima dobri sportski rezultati na edna drzavna reprezentacija mora da se ima jaka domasna liga. Kaj nas sekako ja nema, od kade da pocneme? Fudbal, tragikomicna liga. Kosarka se igra no na nivo na gradska liga od porano (imavme sojuzna prva, pa 2ri, pa republicki, pa...gradski). Vaterpolo, nema liga. Rakomet ima liga so toa da kvalitetot e mnogu slab (vo odnos na drugive sportovi i e najdobra)..... zatoa pak eve ne ucat na bezbol, aj belkim ke staneme vo toa sila. Sportot ni e KATASTROFA (vprocem kako i se drugo). Koj e kriv za ova? Se nadevam deka nema da go locirame na Jozica i komunjarite??? Ili pa mozebi i tie se vistinskite vinovnici..... Eh a go imavme Vardar (fudbal, odbojka, rakomet), Pelister (rakomet), Rabotnicki (kosarka), imavme vrven sport i vrvni sportisti. Bea toa "mracni" vreminja vo koi ziveevme. Doagjaa Crvena Zvezda,Partizan, Hajduk, Cibona, Bosna, Metaloplastika..se igrase, Kako li samo ke bidat opisani vo perata na sovremenite istoricari i pisateli?MRAK
Од: Ratko
Датум: 11.09.2010 16:23:12
Ooo Pero Pero pa so edna utakmica protiv liverpul se napuni stadionot pa duri i nemase karti zar ako daj boze ni trgne a ne bese izgraden stadionot prethodniov koj ne gi ispolnuvase fifa standardite ke moravme da igrame vo nekoja od sosednite zemji, a ke ni se slucese veruj.Jakite ekipi kako Anglija celo vreme se zaleja od nas koa igravme so niv deka ne treba da se toleriraat takvite stadioni kako nasiot
Од: vaterpolist
Датум: 11.09.2010 17:34:51
Tocno e toa sportski rabotnici ili vo prevod roditeli na decata sto igraat za reprezentacija tato dava pari a deteto igra za reprezentacija a drugite djabe treniraat mislam na vaterpoloto a posle preku mediumite pravat uspeh ili trenerot kriv a nevlegle vo zivot vo voda konkretno koj se treneri vo pivanjeto zuf-rakometar,boro-borac,meto brzi -ne se bavele so nieden sport da ne nabrojuvam treneri bez shkolo katastrofa videte ja okolinata bugarija srbija grcija hrvatska mnogu daleku katastrofa sme a agensijata za sport prvi bazeni lazgovci
Од: ne sme gladni za uspeh
Датум: 11.09.2010 21:38:10
Gladni sme za borba i cesno profesionalno igranje. Uspehot ke dojde. Kako da odam na stadion koga dosega nekolu pati se namesteni rezultatite, nikoj ne saka da go pravat budala.
Од: snajper
Датум: 11.09.2010 22:22:43
Toa e krajniot rezultat od celokupnata sostojba vo drzvata blagodarenie na sproveduvanjeto na stalinistickata politika vo sive ovie godini na 'samostojnost' na drzvata koja seuste go nosi imeto jugoslovenska., bez razlika koja partija e na vlast.. koga se stavaat direktori so sredno uciliste i toa slabi ucenici, jasno e koja politika ja vodi koalicijata sdsm-dpmne.. i navivacite gi iskaravte pa sega ne vi idat da vi davaat poddska za se i sesto.. a i tie sto ste mu platile da bidat na utakmicata vi svirea..
Од: dimitar
Датум: 12.09.2010 14:09:52
Taka ti e toa koga se e partizirano pocni od sportot,obrazovanieto, policijata, sudstvoto, zdravstvoto i taka se po red se nestrucni luge red do red.
Од: tatoo
Датум: 12.09.2010 14:47:49
Г-дине кременко.Потполно сте во право, ама овде некој ја запалил сијалицата и ја зезнал работата. Изгледа во “мрачното“ време имавме многу подобар спорт. Комуњарите се криви !? Тој јак спорт беше во нивно време, а не во ова време на лопови и мафијаши од главата па до најнискиот дел од власта.
Од: kavadarci
Датум: 12.09.2010 15:37:48
sve do deka na celo e sportskata mafija i politinata i parite so koi platat reprezentativcite u" da igrat za da bi mozele da se prodadat ne biva nisto od makedonija prodadeni dusi ccc zalosto ZA MLADITE NEMAT NIKAKVA PERSPEKTIVA SRAMOTA ZA MAKEDONIJA

Најди! во Утрински
Спорт
Литванија ја разби Аргентина, САД ја елиминира Русија
Гјан
Хрватска и Италија во финалето на ЕП во ватерполо
Батон најбрз на првиот тренинг во Монца