Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Литванија ја разби Аргентина, САД ја елиминира Русија

Литванците славеа со 104:85, Американците подобри од „зборнаја“ со 89:79 на СП во кошарка во Турција

Репрезентација на Литванија предводена од Јасаитис и Клеиза неочекувано лесно ја порази Аргентина со 104:85 во четврт-финалето на Светското кошаркарско првенство во Турција.

Јавноста очекуваше интер��сна пресметка меѓу овие селекции по тешките победи на Литванија над Кина, односно, Аргентина над Бразил во осминафинале. Но, борбата за место во полуфиналето беше понуди неизвесност само во воведните четири минути. По нив следуваше серија од осум поени на Литванците за водство од 17:10 кое до крајот на првиот период беше двоцифрено (28:18). На крилјата на Делининкаитис, Европејците стигнаа и до плус 15 во втората четвртина во која „гаучосите, како и во претходната, прв малку на намалија негативата, за потоа повторно да паднат и да се упатат на одмор со минус 20 (50:30). Потопот на Јужноамериканците продолжи и во третиот период. Во 25 минута Симас Јасаитис погоди тројка за неверојатни 66:36 за Литванија. Домаќинот на наредното Европско првенство ги држеше резултатот, а се што успеаја Аргентинците да сторат до крајот е ублажување на тешкиот пораз за конечни 104:85. Седум литвански кошаркари забележаа двоцифрен број кошеви, најдобри беа Јасаитис со19 и Клеиза со 17, прв стрелец кај Аргентинците беше Карлос Делфино со 25 поени.

Иако Русите пружија достоен отпор, посебно во првиот дел од натпреварот, сепак, Американците демонстрираа зрелост и целосно го контролираа натпреварот што на крајот го добија со 89:79. САД овојпат немаа растрчана и разбивачка претстава како што беше случај против Ангола. Подмладените Американци одиграа зрел и мирен меч во кој не потклекнаа пред Русите и покрај нивната цврста игра под кочевите и силните обиди за умртвување на играта. Но, на крајот мораа да задоволат само со солидниот отпор што му го пружија на фаворизираниот противник. Резултатот беше егал до петтата минута од вториот период по што САД се ставија во поголема брзина и со серија од 14:4 го анулираа минусот од пет поени и на полувреме заминаа со 44:39. Во второто полувреме уште две-три минути руски отпор, но кога на расположениот Кевин Дурант (33 коша, 5 скока) му се придружи и клупскиот колега Расел Вестбрук (12), Американците направија нова серија од 15:5 со која практично ги отстранија дилемите за победникот. „Зборнаја“ успеа да се врати на -12, но НБА кошаркарите останаа фокусирани и концентрирани, ја покажаа сета своја зрелост и рутински ја довршија работата. Покрај Дурант и Вестбрук, одличен настап за САД имаше и Чонси Билапс кој за 27 минути на паркетот забележа 15 коша и 5 скока. На спротивната страна голем меч одигра Андреј Ворончевич (14 поени, 12 скока), но и тандемот Сергеј Биков (17 копа) - Тимофеј Мозгов (13 коша, 4 скока).

Резултати од четврт-финалните мечеви на Светското првенство во кошарка во Турција: Литванија - Аргентина 104:85, САД - Русија 89:79.


#
Статијата е прочитана 499 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Гјан
Колапс
Хрватска и Италија во финалето на ЕП во ватерполо
Батон најбрз на првиот тренинг во Монца