Гјан: Би постапил исто како Суарез
Новиот напаѓач на Сандерленд, Асамоа Гјан, уште еднаш се потсети на драматичниот натпревар меѓу Гана и Уругвај на Светското првенство и пеналот што го направи Луис Суарез. Уругвајскиот напаѓач играше со рака на самата гол-линија на крајот на второто продолжение за што доби црвен картон, а Гана шанса да го реши мечот и да се пласира во полуфинале. Меѓутоа, Гјан лошо ја изведе ударот од белата точка и по серијата пенали во мундијалското полуфинале завршија Уругвајците.
Гјан вели дека не му забележува на Суарез за постапката.
„Дали му простив? - Па, тоа е дел од играта. И јас би постапил исто. Во последната минута од натпреварот тој стана јунак во неговата земја. Можеби и јас ќе реагирам идентично во еден важен натпревар за Сандерленд. Суарез направи голема работа за неговата држава“, рече Гјан за веднаш потоа да се осврне и на пеналот што тој го промаши:
„Суарез ја одведе неговата земја до полуфинале и тој е нејзин херој. Пеналите? И јас направив добра работа за мојата земја на Светското првенство. Мислам дека 90 отсто од пеналите ги погодив и покрај тоа промашување. Тоа е животот“.
Гјан летово за сума од 13 милиони фунти мина од Рен во Сандерленд и стана најскап фудбалер во историјата на овој англиски премиерлигаш.
„Навистина не знам дали вредам за толкава отштета, но мислам дека сум доста квалитетен играч. Добро играв на Светското првенство и сега сите знаат за мене. Ова е нов предизвик за мене бидејќи луѓето се��а очекуваат повеќе“, заврши 24-годишниот фудбалски интернационалец од Гана.
Квеирош доби отказ
Португалскиот селектор Карлош Квеирош доби отказ по лошите резултати на стартот во квалификациите за Европското првенство во 2012 година, потврди фудбалската федерација на Португалија. Покрај лошите игри на Португалците, кои дома одиграа 4:4 со Кипар по што следуваше пораз од од Норвешка со 1:0, отказ за Квеирош го забрза и шестмесечната суспензија поради навреди кон антидопинг инспекторите што го посетија кампот на португалскиот состав во пресрет на Светското првенство во Јужна Африка.
Квеирош ги водеше Португалците на Мундијалот во кој ја минаа групата, а потоа беа елиминирани во нокаут-фазата од светскиот првак Шпанија. Кормилото на националниот тим го презеде во 2008 годи��а и едвај ги мина квалификациите за СП 2010 по елиминацијата на БиХ во бараж двомечот.
Тошак поднесе оставка
Џон Тошак поднесе оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Велс, шест дена по поразот во Подгорица од Црна Гора со 1:0, во првиот меч во квалификациите за ЕП 2012. Тој е вториот тренерски стручњак што ја напушта селекторската позиција. Во средата оставката поднесе и бугарскиот селектор Станимир Стоилов по поразот од Црногорците дома со 1:0. |