Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Не би требало да има економска блокада

Првиот ден по признавањето, на граничните премини нема никакви поблеми при транспортот на стоки

Соња Маџовска

Не смее да има загрозување или намалување на економската соработка меѓу Македонија и Србија, откако нашата држава завчера го призна Косово. Секаква блокада би била неодговорен и несериозен потег на српската влада, сметаат експертите и бизнисмените кои, сепак, очекуваат дека ќе надвладее разумот.

„Првиот ден по одлуката Македонија да го призанае Косово, на граничните премини нема застој на сообраќајот и нема никакви поблеми при транспортот на стоки“, вели директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов.

Србија е втор најголем економски партнер на Македонија. Македонската статистика се' уште нема посебни податоци за размената меѓу Македонија и Србија, туку ги води Косово и Србија заедно. Според тој податок, трговската размена меѓу Македонија и Србија (со Косово) лани изнесувала 1,78 милијарди долари.

Во првите шест месеци од годинава, пак, размената меѓу Македонија и Србија ( со Косово) била околу 900 милиони долари. Според косовската статистика, пак, 307,8 милиони долари отпаѓаат на размената меѓу Македонија и Косово.

Македонското и српското стопанство се толку комплементарни и каква било блокада на економските врски не и' одговара на ниту една страна, велат бизнисмените.

„Малку сме вознемирени како ќе се одрази признавањето на Косово врз економските релации, посебно што и најголемиот дел од транспортот и кон земјите од Европската унија се одвива преку територијата на Србија. Загрижени сме, но и оптимисти дека српската влада ќе реагира разумно и нема да се обиде да го наруши континуитетот на економската соработка“, вели Илија Гечев, сопственик на „ИГМ трејд“од Кавадарци.

За оваа фирма Србија е втора топ- извозна дестинација по Бугарија. Заклучно со август ИГМ во Србија извезла стока вредна 12 милиони евра, очекувањата им се дека годинава ќе ја завршат со 20 милионски извоз во оваа соседна земја.

„Уште вчера веднаш разговаравме со нашите српски партнери. Тие не' уверија дека нема да се промени соработката, особено што во овој момент имаме побарувања од српски фирми кои купуваат наша стока во вредност од неколку милиони евра. Се надеваме дека економската соработка ќе продолжи со исто темпо, но сепак ќе ги следиме реакциите на српската влада во текот на наредните денови. Јас сум убеден дека соработката ќе продолжи, тоа е неминовно. Нашите стопанства се комплементарно поврзани, а тоа добро го знае и српската влада“, нагласува Гечев. Тој додава дека Македонија најлесно извезува во Србија и во Косово, а дополнително олеснување за бизнисот е што имаме спогодба за бесцаринско работење.

За експертите, Македонија задоцни со признавањето на Косово. Сега македонската дипломатија треба да гаси пожари, смета аналитичарот Суат Мисини. „Дипломатијата треба да се растрча по Белград за да се санира штетата, бидејќи загрижува интонацијата на српската влада спрема Македонија и Црна Гора, по признавањето на Косово. Но, во овие моменти треба и македонските бизнисмени да ги убедат нивните српски партнери дека и тие треба да извршат притисок врз српската влада за да не бидат загрозени и нивните бизнис-интереси“, вели Мисини. Според него, на крајот на кр��иштата тоа што Србија бележи суфицит во трговската размена со Македонија потврдува дека има интерес да ја продолжи економската соработка.

Бизнис-интересите се на прво место, велат од Стопанската комора на Македонија. „За Македонија се важни и српскиот и косовскиот пазар. Ја следиме состојбата и доколку фирмите имаат проблеми, ќе им помогнеме. Се надеваме дека и инстутционалната соработка со српската бизнис-заедница ќе продолжи на високо ниво како и досега“, велат од Стопанската комора.

„Во бизнисот постојат интереси, очекуваме фирмите да продолжат да соработуваат како и досега. Амбиентот за работа и по осамостојувањето на Косово не се промени. Комуникациите и бизнис-релациите се одвиваат со исто темпо“, мислат во бизнис-заедницата од Сојузот на Стопански комори.

Според претседателот на Конфедерацијата на работодавци на Македонија, Миле Бошков, признавањето на Косово е политичка одлука и тоа никако не значи дека сега српските бизнис-партнери ќе се заменат со косовски. „Не смее да се прекине или намали процесот на деловна соработка со Србија. Ние не очекуваме нејзино подрастично намалување ниту, пак, сметаме дека косовските партнери можат да ги заменат српските“, изјави Бошков.


Статијата е прочитана 1050 пати.

Испрати коментар

Од: zbogum BJRM
Датум: 11.10.2008 00:17:51
Sram mi e sto sum makedonec.........pozdrav do site sto zemaa Bugarsko drzavljanstvo (tie se Evropa).........Ako ne pobarajte srpsko(bev tamu 100 pati se pojaki ekonomski od nas)........Makedonija - tesko deka ke ja priznae nekoj Juzna Srbija ako se ludi srbite pa da ni dozvolat taka nesto pak (kako se bunat grcite taka i tie treba da se zastitat od sekakov sljam).......Istocna Albanija, Juzno Kossovo........ej neka vi e so sreca jas emigriram i se nadevam deka ke ve priznaat kako SEGASNA KOSOVSKA PROVINCIJA BJRM.........SO SRECA
Од: проф. Жарко од Злетово
Датум: 11.10.2008 11:36:32
Што бизнисмени беа, што чудо? Бог да чува и да брани! Очекуваат како нивните колеги од Србија, после овој ШАМАР што нашата Влада и и го залепи на Србија, од Табановци до Бараково да ѓи пречекуваат со КАФЕ и КИСЕЛА ВОДА! Срдечно посредечно, здравје! Лично очекувам “ПРИГУШЕНО ЕМБАРГО“, нешто слично како пред деценија и некоја година повеќе, кое најмногу ќе им одговара ММРО и нејзината политичка и “бизнис“ елита. Безаконие и грабеж на ангро! А сето тоа ќе си го платиме ние со нашите веќе празни џепови...
Од: gragjani
Датум: 11.10.2008 15:48:14
abre makedonce zarem 3 godini vi trebase da svatite sto se se pravi vo makedonija a?more malku e ova za nas,celo vreme se apsat makedonci na brutalen nacin a narodot se siti uste dajte uste malku e va vakov narod
Од: zoran
Датум: 11.10.2008 18:31:42
biznisot ne poznava nacionalnost tuku samo moznost za pravenje profit.se dodeka srbija ima suficit so makedonija nema da ima blokadi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Косово слави, Србија бесна
Исправна одлука, но во лош тајминг
Признавањето на Косово беше мачна одлука
Потегот на Скопје и на Подгорица е успех за Приштина