Советот на министри на ЕУ утре ќе одлучува да се укинат визите за граѓаните на БиХ и на Албанија, но ќе биде воведен двоен механизам за надзор за тие две држави исто како и за државите од Западен Балкан, чии држ��вјани веќе ја користат таа привилегија.
Воведување двојна контрола за спроведување на сите технички мерила и услови за визна либерализација за БиХ и за Албанија побарале посебно Холандија и уште некои членки на ЕУ.
ЕК затоа одлучи утре да објави за воведување „Механизам за следење“ како визната либерализација се спроведува во сите држави од регионот. Тоа го јавија српски медиуми повикувајќи се на извори од Советот на министри на ЕУ и ЕК, со образложение дека ќе биде воведено и „рано предупредување“ на аномалии во тој режим.
Клучна цел е да се спречи зголемување на бројот на лица надвор од Европа што преку Западен Балкан би доаѓале во ЕУ со барање за азил и да се осуетат организираните криминал и тероризам. Одлуката за укинување на шенген-визите за БиХ и за Албанија треба да стапи во сила во втората половина од декември. (МИА)