Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Со свеќи за подобро утре на Атина

Атина - Илјадници свеќи го осветлија плоштадот Котција во центарот на Атина вечерта пред неделните избори. Целта на акцијата, која ја организираше граѓанското здружение „Атенистас“, беше поздравување на новиот ден и надежта за посветла иднина на градот што треба да дојде со избирање на новиот градоначалник. Палејќи по една свеќа околу илјада граѓани, кои го поддржаа настанот, истовремено го изразија својот револт поради незаинтересираноста на политичарите за мрачните делови на градот што тонат во криминал, трговија со наркотици и проституција. „Сите овие свеќи може да ги сфатите како надеж за градот, но и жалење за сите животи што се изгубени од дрога или од проституција“, изјави Јанис Ѕарас, уметник и еден од членовите на „Атенистас“. Ова здружение постои само два месеца, а досега имаат завршено неколку успешни акции како потсетување на возачите за неправилно паркирање, кое им пречи на граѓаните, преку закачување стикери на автомобили паркирани на недозволени места, чистење на одредени делови на градот, уредување на просторот во центарот на Атина и околу железничката станица, потоа засадување цвеќиња и фарбање на уличните жардиниери. Како што велат од „Атенистас“, за сите проекти сами одделуваат по најмногу две-три евра. (М.П.)




#
Статијата е прочитана 456 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Назарбаев диктира светла иднина за Казахстан
Грчки референдум за Папандреу
Се укинуваат визите за БиХ и за Албанија
Кокосите - смртна закана за Обама
Ајатолахот расправа за исламот на „Фејбук“






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax