Индија се подготви за првата посета на Барак Обама со отстранување на кокосовите плодови од дрвата во Мумбаи заради заштита на американскиот претседател. Обама е во тридневна посета на земјата од саботата, во рамки��е на првиот дел од неговата азиска турнеја. Покрај вообичаените безбедносни мерки кога се пречекува висока личност, индиските власти решија да одат чекор понапред отстранувајќи ги сите природни закани за претседателот. Сите кокоси околу Музејот „Ганди“, едно од местата што требаше да ги посети Обама во градот, се отстранети.
„Им посочивме на органите да ги отстранат сувите кокоси од дрвјата во близина на зградата. Зошто да се ризикува?“, изјави за Би-Би-Си извршниот секретар на Мани Баван, Мегшјам Ајгонкар.
Секоја година во Индија има повредени па дури и загинати од кокосите што паѓаат. (Би-Би-Си)