Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Мафијата во Јужна Италија и' објави војна на државата

Владата најави дека ќе испрати 500 војници во регионот Кампанија за да и' помогнат на полицијата во борбата

НЕАПОЛ - Мафијата во Јужна Италија прогласи „војна против државата“, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи, Роберто Марони. Министерот рече дека локалната мафија Камора се обидува да искорени какво било спротивставување за нејзината криминална моќ. Тој даде изјава откако владата најави дека ќе испрати 500 војници во регионот Кампанија за да и' помогнат на полицијата во борбата против локалните криминални организации. Овој потег следуваше по минатонеделното убиство на шестмина Африканци и еден Италијанец во близина на Неапол, за што е обвинета Камора.

Во говорот во парламентот во средата, Марони го опиша убиството на Италијанецот и на имигрантите од Гана, Либерија и Того како „терористички чин“. Тој рече дека италијанската влада „мора цврсто да одговори и да ја врати контролата врз регионот“. Марони рече дека тоа е причината зошто владата во вторникот одобри распоредување на 500 војници во Кампанија во период од три месеци.

Војниците ќе им се приклучат на дополнителни 400 полицајци и паравоени карабинери кои веќе се распоредени во обид да се прекине притисокот на Камора на територијата околу Неапол. Ова е втор пат од 90-тите години кога војската добива наредба да се приклучи во борбата против организираниот криминал во Јужна Италија. Околу 150.000 војници беа испратени на Сицилија во 1992 година, по убиството на двајца водечки судии против мафијата.

Минатонеделните убиства во близина на Неапол ја шокираа Италија. Африканските имигранти беа нападнати од вооружени напаѓачи во местото Кастелволтурно, во близина на Неапол. Кусо време пред тоа вооружен напаѓач го уби сопственикот на игротека во истото место, стрелајќи 60 куршуми во неговата глава и стомакот. Убиствата, за кои се верува дека се поврзани со дрога - предизвикаа безредија кај имигрантите. Подоцна полицијата уапси едно лице во врска со престрелките. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 572 пати.

Испрати коментар

Од: Dejan
Датум: 26.09.2008 00:58:21
I nie kon niv se stremime.Epten se civilizirani i zakon vladee kaj niv.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Aнгликанскиот надбискуп го брани Карл Маркс
Фатено бротче со околу 300 илегални имигранти во Франција
Чеченци пукаат во центарот на Москва
Средношколските напади во Финска биле поврзани
Студена средба на Рајс и Лавров во Њујорк
Рускиот претседател е за децентрализирање на Кремљ