Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Средношколските напади во Финска биле поврзани

Двајцата напаѓачи Саари и Аувинен ги извршиле подготовките и нападите на речиси идентичен начин

ХЕЛСИНКИ - Финските иследници наведоа дека ја проучуваат можноста за поврзаност меѓу масакрот во колеџот и оној што се случи пред помалку од 12 месеци. Во вторникот Мати Јухани Саари (22) застрела десет лица во Каухајоки пред да се самоубие. Минатата година Пека Ерик Аувинен (18) уби осуммина, а потоа си го одзеде животот во Јокела.

Иследниците посочуваат дека двајцата напаѓачи го купиле оружјето во Јокела, најверојатно станува збор за иста продавница. Постои можност тие да биле во контакт. „Нивните акции изгледаат толку слични што би го сметал за чудо тоа ако не пронајдеме некоја врска меѓу нив“, изјави главниот иследник Јари Неуланиеми. Неуланиеми, исто така, изјави дека дозволите за поседување оружје на двајцата напаѓачи покажуваат дека оружјето било купено во истата продавница во Јокела. Иследниците одбија да откријат други детали.

Новата информација се придодава на се' поголемата листа на сличности меѓу двете престрелки: двајцата напаѓачи објавија заканувачки видеозаписи на „ЈуТјуб“ пред нападите, двајцата биле фасцинирани од пукотницата во американското училиште во Колумбин во 1999 година, и двајцата си го одзедоа животот со истрел во главата. Меѓутоа, иследниците досега не открија директна врска меѓу двајцата напаѓачи. Нападот во Каухајоки ја шокираше Финска, и сега власта ја разгледува можноста за заострување на законот за поседување оружје, кој е еден од најлибералните во Европа. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 237 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Aнгликанскиот надбискуп го брани Карл Маркс
Фатено бротче со околу 300 илегални имигранти во Франција
Чеченци пукаат во центарот на Москва
Студена средба на Рајс и Лавров во Њујорк
Мафијата во Јужна Италија и' објави војна на државата
Рускиот претседател е за децентрализирање на Кремљ