Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Рускиот претседател е за децентрализирање на Кремљ

Русија не може да функционира ако целата власт е концентрирана во Кремљ, изјави Медведев

ПЕТРОПАВЛОВКС-КАМЧАТСКИ - Русија не може да функционира ако целата власт е концентрирана во Кремљ, изјави вчера рускиот претседател Дмитриј Медведев, сигнализирајќи оддалечување од стилот на неговиот претходник Владимир Путин за целосна контрола. „Премногу е лошо кога сите одлуки, вклучувајќи ги и оние за оперативни прашања, се носат од страна на претседателот“, изјави тој во административниот центар на најисточниот руски регион Камчатка. „Тоа значи дека немаме систем на управување. Ние едноставно не можеме да работиме. Треба да реагираме побрзо, да донесуваме разумни управувачки одлуки“, изјави тој на средбата со локалните официјални претставници на кои присуствуваа и неколку министри. „Инаку, ние едноставно ќе се почувствуваме посрамотени поради пропуштените прилики“.

Руската берза овој месец ги забележа најголемите загуби во последниве десет години. Тој пад беше предизвикан, главно, од кризата на светските пазари, но исто така го фокусираше вниманието и кон неочекуваната интервенција на Кремљ во економијата, што ја намали довербата кај инвеститорите. Медведев и Путин, кој сега е премиер, ги отфрлија стравувањата на инвеститорите за тоа дека кризата и политичките проблеми со Западот, предизвикани поради руската инвазија врз Грузија, би можеле да го охрабрат Кремљ да воведе построга државна контрола врз економијата. Коментарите на Медведев изгледа навестуваат дека тој е подготвен да оди подалеку и да го промени начинот на кој се води земјата, потег што од страна на бизнис-заедницата се смета за услов за креирање одржлива економија, со клима која ќе привлекува инвеститори.

За време на осумгодишниот мандат на Путин како претседател од 2000 година, тој ја водеше земјата во најголемиот економски бум, потпомогнат од високите цени на нафтата. Тој, исто така, донесе политичка стабилност по проблемите што уследија по распадот на Советскиот Сојуз. Неговото владеење беше карактеристично по концентрацијата на власт во Кремљ, што привлече критика од Запад. Главните одлуки ги донесуваше претседателот, додека владата и парламентот забележаа драстично намалување на нивните улоги.

Путин наведуваше дека овој приод, познат на руски како „мануелна контрола“, бил од суштинско значење за враќање на редот во огромната и понекогаш немирна земја. Но, официјални лица во опкружувањето на Медведев посочуваат дека Русија не се префрли на посистематски приод кон владеење, врз основа на јасни правила и институции, и економскиот раст би можел да почне да се тетерави и Русија нема да биде конкурентна на глобално ниво. Кремљ си постави цел да ја направи Русија една од водечките економии во светот до 2020 година.

Коментарите на Медведев не изгледаат како да навестуваат дека тој планира да му ги предаде претседателските овластувања на Путин. Путин, исто така, сугерираше дека Русија има потреба од нов стил на владеење, а аналитичарите наведуваат дека неговиот избор на Медведев, 43-годишен поранешен корпоративен адвокат, за негов наследник е знак дека тој преферира поконсензуален пристап. Медведев, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе остане верен на политиката на неговиот претходник кон која има голема доверба. Но, Медведев, исто така, вети дека ќе внесе разноликост во економијата и ќе осигура владеење на правото и на демократија. (Русија)


Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 26.09.2008 15:27:50
Poarno od centralna vlast nema. Nie propeavme so decentralizacijata, sekoj gradonacalnik pravi sto saka, e zapustija zemjata. Nemojte da dozvolite i toa da se sluci i kaj vas. Kamo kaj nas da se vrati centralna vlast, ke bideme vo mnogu podobra sostojba.
Од: dimitar
Датум: 26.09.2008 15:39:59
Pametno, treba da se napravi federacija slicna na Amerika. SAD i SRD, Soedineti Ruski Drzavi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Aнгликанскиот надбискуп го брани Карл Маркс
Фатено бротче со околу 300 илегални имигранти во Франција
Чеченци пукаат во центарот на Москва
Средношколските напади во Финска биле поврзани
Студена средба на Рајс и Лавров во Њујорк
Мафијата во Јужна Италија и' објави војна на државата