Њујорк - Македонија бара генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, да биде поактивен во процесот што го води неговиот специјален пратеник, Метју Нимиц. Поточно, да му помогне на медијаторот, но и побара од грчката страна да се интензивираат разговорите.
Овој став го изнел министерот Антонио Милошоски на средбата со генералниот секретар во Њујорк. На неа тој побарал од Бан Ки-Мун да интервенира и доколку проблемот на грчка страна е во преговарачот Василакис. Според македонскиот министер, тој ја изгубил довербата на Папандреу, па Грција треба да назначи нов преговарач со цел да се интензивираат разговорите.
Милошоски му реферирал на Ки-Мун дека Македонија сака да го реши спорот, но само во рамките на нормите на ОН каде што се гарантирани човековите права и националното достоинство, како и во рамките на Привремената спогодба од 1995 година. Генералниот секретар ги разбирал македонските позиции, но бара и официјално Скопје да ги разбере позициите на Атина.
Средбата била можност за Милошоски да го покани Бан Ки-Мун од името на претседателот Ѓорге Иванов, да биде гостин и говорник на сесиите на Советот на Европа во Стразбур, чиј претседавач е Македонија. Тој го запознал генералниот секретар со претстојното одбележување на 60-годишнината на Конвенцијата за човекови права во Стразбур, каде што се очекува негово присуство. (Н.Р.)
Bravo za ministerot. Ja pravi kardovskata politika vo Grcija. Koj vika deka sme mali i izolirani! Sepak jas mislam deka namesto da se zanimava so sporedni raboti, trebalo da pobara da ni se vrati Solun.
Од: Gimce
Датум: 29.09.2010 12:15:54
samo teramo voda na grckata vodenica
po se izgleda na nasata vlast i odgovara da se odolgovlekuva prasanjeto za imeto
poinaku nema logika vakov infantilen predlog
Од: Alien from Space
Датум: 29.09.2010 13:27:03
Милошоски ја изгубил довербата во Папандреу!?Ех,слатко ме изнасмеја,така шчо сега веднаш че ги сменат и Папандреу и Василакис,за да се задоволит министеро’!
Од: "vodolija"
Датум: 29.09.2010 14:39:35
Uste eden relevanten element, za dokazuvanje so kakov koeficient na inteligencija i nadvoresna diplomatija raspolaga Milosovski kako minister za nadvoresni raboti!!!SRAMOTA ZA MAKEDONIJA I ZA SITE ONIE ZEMJI KOI JA PRIZNALE MAKEDONIJA SO OVAKVA VLADA!!!??? Generalniot sekretar da urgiral kaj Papanreu da go smeni Vasilakis !!?? Bog da cuva i da ne brani od POLOSI IDEOLOSKI TERORISTI !!! ABE EGEEC Milosovski, problemot e tvoj i na Gruevski , STO VIE PRAVITE, VIE mu kazete na Papandreu, da go smeni Vasilakis !! TI SE CUDAM NA PAMETOT I DO KOGA KE TERATE OVAKA !!!???
Од: spire
Датум: 29.09.2010 14:45:10
Подобро да се смени Милошоски од умот..........само тоа е лекот................нека си го врати филмот кога трчаа да ги менуваат имињата на улиците, аеродроми, автопатишта???? Што си мислеа со детските умови, зафрканција е ова???? Или и за тоа е крив Бранко Црвенковски???????
Од: b
Датум: 29.09.2010 15:39:46
А да побара смена и на Саркози. Тој е најотворен подржувач на Грција.
Од: USAMKD
Датум: 29.09.2010 18:56:35
Bidejki e vasilakis od istata stalinisticka ekipa od koja sto se grujo i branko prasanje e sega dali Milosovski e sleden na listata na grujo vo procesot na cistenje na pratijata od vmrovci..
Од: Забеган
Датум: 29.09.2010 22:24:45
Овој министер навистина почна да забегува и тешко може да му се најде лек. Упорно треска глупости и веќе ја срами државата.