28.09.2010, 18:13 Бугарија пак ја кодоши Македонија во Брисел
БРИСЕЛ - Бугарија повторно ја кодоши Македонија во Брисел, користејќи уште еден од Македонците со бугарски пасош за да ги девалвира македонските институции и да подготви терен за вето во ЕУ. Бугарските европарламентарци, предводени од Евгениј Кирилов, подготвиле декларација за одбрана на Мирослав Ризински, ексчлен на партијата на Доста Димовска, кој е осуден во Македонија и издржува казна затвор за корупција. Декларацијата била испратена до европската комесарка за правда, Вивиен Рединг, и до европскиот комесар за проширување, Штефан Филе, по примерот на претходната што беше упатена на адреса на Оли Рен за Спаска Митрова, која остана без одговор од негова страна.
Во декларацијата се прави споредба меѓу случајот на Мирослав Ризински и оној на Спаска Митрова, при што се истакнува дека тоа се двајца граѓани на ЕУ, кои служат како лекција за секој што се идентификува како Бугарин во Македонија. Бугарските пратеници побараа од Европската комисија да спроведе истрага за случајот и да даде свое мислење околу тоа.
Кирилов тврди дека за време на посетата на Скопје, во почетокот на годината, бил уверуван дека се разгледува барањето на Софија Ризински да ја одлежи казната во Бугарија. „Но, развојот на случајот досега покажува дека македонските власти замижуваат т.е. нема одговор на официјалното барање од Бугарија. Генерално, ние сме известени дека судењето против него е силно политички обоено“, вели Кирилов, иако Ризински е осуден многу одамна и практично е при крај на издржувањето на казната. (Н.Р.) |
|
Статијата е прочитана 2741 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 29.09.2010 12:10:38 | Bugarija pod hitno da se lustrira! |
| prijatel, 29.09.2010 12:16:01 | Miki Rizinski go znam od dete. Imashe sklonost za kradenje ushte kako mal. Koga beshe osmo-odelenec, go fatija kako obiva frizider so sladoled od dukjanot na Slavija dolu vo zgradata. Blagodarenie na tatko mu (koj beshe policaec) go pushtija, inaku trebashe da lezzi vo maloletnicki zatvor. Od sekogash beshe muvator, i toa sto zemal mito voopshto ne me zachudi. Me zachudi faktot sto i pokraj sto e osuden, redovno go gledam kako se sheta niz centar i jadi pica vo Del Fufo. |
| ПОЛИТИКАТА Е СЕ ЗНАЕ, 29.09.2010 13:04:03 | Ние воведовме графа за Бугари а ЕУ Бугарија брише и тоа за веќе изјаснети Македонци. Толку за ЕУ вљубениците и големата демократиј. А вистината е дека во Македонија има околу сто Бугари а во Бугарија да признаат партија веднаш ке се изјаснет 200.000 Македонци оти околу три милиони се со македонско потекло во Бугарија. Доволно е секој да добие претстава да ги прочита Македонски јазол од Лотар и Македонски идентитет од Мицов. |
| Лотар, 29.09.2010 14:08:12 | Под итно да се отпечати мојата книга во девет милиониprimerci и бесплатно да се даде на секој Бугарин.Мислам дека околу 6,5 милиони Бугари веднаш ќе се пишат Македонци! |
| Al.M., 29.09.2010 14:20:06 | "Politika e se znae", ima edna prikazna za lisicata deka begala podir kochot i chekala da mu padnat ...the balls. Ono vo celiot svet nema 200000 chitavi makedonci, ti vo Bugarija ke gi najdesh. Ajde, pishuvaj deka i D.Berbatov e makedonec pa i cela Britanija da ne se smee. |
| Aleksandra, 29.09.2010 15:19:16 | Dobro e toa sto Utrinski vesnik se grizi za imidzot na instituciite, no od kade taa zelba da se grizi za imidzot na instituciite na Gruevski i lugjeto okolu nego? Advokat sum po krivicno pravo i gi sledam site politicki procesi na familijata. Pa se prasuvam dali nepotpisaniot novinar na ovaa statija saka da mu dodeli priznanica za fer sudstvo na Mihajlo Manevski? Ne moze Bugarija da ne kodosi, koga Brisel vo oci ni kazuva deka sudstvoto ni e politizirano do maksimum. Poglednete na realnosta, pocituvani novinari od Utrinski - ne davajte alibi na antievropskata politika na Gruevski. |
| mene, 29.09.2010 16:33:38 | Pa dobro be dosta plukate po svoeto. Taka nema nikade da stignete. Moze naseto sudstvo ne e idealno ama tie sto ne kodosat se beter. idi Aleksandra raboti kako advokat vo Bugarija, tie se vo EU nemat partizirano sudstvo, imaat intelektualec za premier, mafijata e iskorenata i plus uste na granica ke te prekrstat od makedonka vo bugarka. kako pravnik bidi lojalna na ovaa drzava, prekini da plukas po nea ami nesto promeni na poarno,a pred se podnesi tuzba pred EU vo korist na malcinstvoto na tvojot narod, protiv Bugarija. Lugje vie ne pripagjate na partija, ami na narod i toa treba sekoj makedonec da go ima na pamet. |
| Јован АН, 29.09.2010 16:46:27 | “Вистинската“ Бугарија ќе ја видиме ако ,не дај Боже,се сложиме за некое компромисно име со Грција.Ако попуштиш на еден чекај ги другите на ред! |
| Билјана, 29.09.2010 18:17:48 | Трагично е тоа што соседите се гледаат како непријатели на Македонија. Па има ли поголем непријател на овој народ од Груевски и ДПМНЕ? Го осиромашија народот и го доведоа до просјачки стап со изградба на споменици, театри опери. Ако не се реформираат институциите по теркот на Брисел, а посебно судскиот систем, нашиот пат кон Европската унија со Груевски на чело ќе биде трнлив и невозможен. Каде е Европа да го запре овој процес против македонските граѓани? |
| граѓанин, 29.09.2010 21:01:25 | Овој Кирилов, навистина ме изненадува со идејата Ризински да ја одлежи казната во Бугарија. Супер идеја. Сите тнр бугари што работат против државата Македонија во која живеат, да ги затвориме и да ги испратиме комплет во Бугарија да ја одлежат казната. Вреди да се размисли... |
| Ivan, 29.09.2010 21:01:47 | EU mora da znae kakva drzava cheka pred portite.
|
| martin, 29.09.2010 21:51:50 | vo ovaa makedonija do koga makedonskite bugari ke bidat obespraveni i zatvorani pa kako e mozno za site i za albanci i za turci i za srbi i za romo i za bosnjaci i za vlasi da ima ramnopravnost a bugarite iaki se poveke od drugite da nama mesto xza niv vo drzavnite sluzbi ke se vidi dogodina koj e koj i koj go pdrzuva gruevski a koj ke bidat drugite |
| Ристо Андов, ��копје, Македонија, 30.09.2010 07:46:22 | Подлоста на бугарските номенклатури немаат ни граници ни исаф!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Ведро
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (13)Африканската турнеја на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|