Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter
Втора страница

Турција - булдожер за името на Македонија?

Според грчки оцени, можно е Турција да помогнала Дамаск да го признае уставното име

Од нашиот дописник
Мир��ица Поповиќ

Атина - Вознемиреноста од признавањето на Македонија под уставното име од страна на Сирија и натаму трае во Атина, зашто станува збор за држава која се смета за добар пријател и поддржувач на Грција уште од времето на владата на Андреас Папандреу. Грчките медиуми и опозициските партии се' уште се во исчекување на реакција од грчкото Министерство за надворешни работи во врска со овој неочекуван потег на Дамаск, трудејќи се да најдат објаснување за заднината.

„Молчат како риби во МНР“, се вели во текстот на весникот „Елефтеротипија“, и покрај објаснувањето од страна на портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, дека реакција ќе има штом Сирија ќе испрати официјално известување за договорот што го потпишале во Њујорк сирискиот и македонскиот министер за н��дворешни работи.

Пратениците од левичарската партија СИРИЗА коментираа дека одлуката на Сирија може да се смета како реакција на средбата на премиерот Јоргос Папандреу со својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху и видливото грчко свртување во правец на Израел, бидејќи досега Грција поголем фокус имаше на добрите односи со арапските држави.
Пратениците поставија прашање до премиерот и до Министерството за надворешни работи дали владата била изненадена од овој чекор и дали било направено нешто за да се разубеди Сирија од одлуката. Беше поставено и прашањето дали треба да се очекува бран нови признавања на Македонија под уставното име од други арапски и муслимански држави, што планира да направи владата за да го спречи тоа и дали се размислува за промена на стратегијата за надворешната политика на Грција по ова признавање.

Во коментарите и анализите грчките медиуми го толкуваат признавањето од Сирија како обид на Турција да ја интензивира улогата на Балканот. Дипломатски извори за грчките медиуми тврдат дека Анкара има отворен дијалог со Сирија и не ја исклучуваат можноста Турција да ја охрабрила Сирија за ваков потег. Според нив, ова не би било изненадувачко, бидејќи надворешната политика на турскиот шеф на дипломатијата, Ахмет Давутоглу, предвидува зголемено присуство на Балканот. Признавањето на Македонија под уставно име од страна на Сирија и дел од медиумите ја поврзуваат со неодамнешната средба на Папандреу со Нетанјаху. „Се' уште се свежи впечатоците од средбата меѓу Израел и Грција, па оваа средба мора да има некакво влијание на одлуката на Сирија, и покрај наводно добиената потврда дека признавањето и надворешната политика на Сирија нема да ги разбрануваат добрите односи со Грција“, се забележува во медиумите.

Во меѓувреме, на состанокот со новата влада, грчкиот премиер Јоргос Папандреу не спомена ни збор за признавањето. На состанокот со министрите Папандреу упати критика до премиерот Никола Груевски поради неговото отсуство во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации. „Премиерот на БЈРМ не дојде во Њујорк. Очекувавме дека ова е шанса да напреднеме - не велам дека ќе го решевме спорот, но ќе беше можност за напредок и придвижување за прашањето за името“, истакна Папандреу.

Во исчекување на официјална изјава од грчка страна, весникот „Елефтеротипија“ шпекулира дека по признавањето од Сирија, грчките дипломати ќе почнат серија разговори со останатите држави кои не ја имаат признаено Македонија под уставното име. „Со признавањето од Сирија, повеќе од две третини од членките на Обединетите нации ја признале БЈРМ под уставното име. Пред неколку години, официјално Скопје истакна дека, доколку се случи ова, ќе побараат на Генералното собрание да бидат претставени како ’Република Македонија‘“, се вели во текстот од „Елефтеротипија“.

Меѓутоа, дипломатски извори за весникот велат дека вакво сценарио не е возможно, бидејќи доколку работите се одвиваат на таков начин, досега ќе се најдеше решение за проблемите на Блискиот Исток. „Во практика, спор за кој се расправа пред Советот за безбедност не може да се меша со Генералното собрание. Исклучок од правилото беше војната во Кореја и тоа затоа што Русија беше отсутна од Советот за безбедност. Скопје не би можело да се потпре ни на неодамнешниот пример со иницијативата на Србија за Косово, бидејќи тогаш се бараше гласање за одлуката на Меѓународниот суд на правдата, а не за решение на спорот“, се наведува во „Елефтеротипија“. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 5098 пати.

Испрати коментар

Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 29.09.2010 12:35:31
ete dojde vremeto koga petvekovniot porobuvac na makedonija sega e nas najgolem sojuznik i lobira kade i kolku moze za da se priznae makedonija pod ustavnoto ime.toa e primer kako se menuvaat ulogite i vreminjata,pa tokmu zatoa treba da istraeme vo ovaa borba okolu nasiot identitet i naseto vekovno ime!
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 29.09.2010 12:36:15
Малку по малку еве и Сирија не призна под уставното име. Пред некој месец беше Мароко... Уште Ирак и Иран и Македонија си го најде местото под сонцето. Многу важни држави, Евала Турци. Со се вас и ние во арапскиот свет. Каде сите Турци, таму и гол Асан.
Од: stojna
Датум: 29.09.2010 12:44:12
nit turcija nit gospod moze da go resi sporot samo mak so grc......maked gubi grc i e gajle vece status qvo 20god....nie sme tie sto trpime i prodavame kuci za operacija na deca ne tie...............
Од: mihajlo
Датум: 29.09.2010 12:46:38
Potegot na Sirija vnesuva uste edna golema iskra vo odnosite na nasata drzava na medjunaroden plan.Potegot e znacaen oti toa se slucuva vo vreme koga na nasata zemja i se vrsi golem pritisok.Dali ovoj pritisok ce go izdrzime zavisi od nasiot nerven sistem.Ako uspeeme da toj pritisok go izdrzime naskoro ce nastanat znacajni promeni vo nasa polza.Vo istorijata niz minatoto generacii na patrioti ne dozivuvale pobeda za svoite idei,no nivnite naslednici imale moznost da istraat zaradi svoite pokolenija.Nasite pokolenija ce imaat moznost da se voshituvaat na nasata istrajnost vo pravec na pravicnosta i vistinata za naseto bitisuvanje.Da ja iskoristime nasata genska istrajnost zaradi sebesi i zaradi naslednicite.
Од: mirko
Датум: 29.09.2010 12:52:50
thank you Syria
Од: od esnaf
Датум: 29.09.2010 13:28:43
Turcija e najdobar prijatel na Makedonija!!!
Од: Makedonka
Датум: 29.09.2010 14:59:04
Sreka sto sme bile 5veka pod tursko, taka i sme ostanale Makedonci. No i denes Turcite se nasi najgolemi prijateli, najvistinski i smao tamu navistina sme dobredojdeni.
Од: od mene
Датум: 29.09.2010 15:17:19
Za zal se uste ima takvi sto zboruvaat koja e Sirija, koi bile Maroko, pa Irak, Iran... A ste se zaprasale li nekogas koi sme nie? Izgleda zaboravivte deka ne sme veke Jugoslavija so 22 milioni ziteli tuku deka sme "saka jada" od edvaj 2 milioni. Zatoa nemojte da gi potcenuvate drugite, zatoa sto nie sme vo sekoj slucaj beter. A sto se odnesuva do imeto, PREKINETE GI PREGOVORITE VEDNAS.
Од: Игор
Датум: 29.09.2010 15:32:23
И 200 држави да не признаат под уставното има што со тоа? Благодарение на "успешната" надворешна политика на владата сега не само Грција туку буквално сите ни кажуваат дека влез во ЕУ и НАТО нема без промена на името. Ако не сакаме во ЕУ и НАТО нема никаков проблем да не го менуваме името и да ги прекинеме преговорите. И тоа е вистинската дебата што треба да се води. Дали ни требаат ЕУ и НАТО или не. Ако ни требаат треба да се смени името. Ако не ни требаат никому ништо. Но треба на сите да им е јасно дека нема и тоа и тоа. Без нив гледаме како ни оди: Најголема невработеност и најмали плати во Европа.
Од: Nauri i Fidji jaki aduti
Датум: 29.09.2010 16:27:23
Silvester,! Ajde vie od dijasporata vo Avstralija izlobirajte uste nekoi " velesili" kako Nauri, Nova Kaledonija, Papua Nova Gvineja , Fidji , pa moze i Bocvana i Mozambik da ne priznaat i rabotata e resena . Videte tamu niz Tihiot okean ima mnogu ostrovi pa lobirajte kolku mozete. Za grev ste covek i da ve cita , a uste povece da ve slusa/
Од: George
Датум: 29.09.2010 21:00:39
Турција стално и била искрен пријател на Македонија. За жал, заради 'балкански' пропаганди, Турција преку Отоманското владеење е ставена во друго светло. Еве читам дека историчарите се побунија против лагите на нашиот јужен сосед во врска со минатото од последните неколку векови. Друго, доколку погледнеме логички, нашиот јужен сосед ни има нанесено повеќе зла за последниве стотина години, отколку Отоманците и другите пред нив за векови. За Турција не смееме да заборавиме дека веднаш ја призна Македонија, е искрен поддржувач за НАТО, војно и помогна на Македонија, беше фер да врати/позајми едно од црешовите топчиња, кон минатото на Македонија се однесува со почит, итн. итн. Благодарен сум за нивното искрено пријателство.
Од: Ангел
Датум: 30.09.2010 00:31:28
На крај сите земји ќе не признаат освен Грција и Европска Унија. Тоа не е срамота за Грција а срамота е за Европска Унија. Ако ЕУ сака да не прими брзо ќе најде начин за тоа и без согласност на Грција. А штом ЕУ не не признава нема логика ние да се пикаме таму. Јас па и секој, никогаш не влегува таму кај што не го викаат и признаваат.
Од: sami_ilyas
Датум: 30.09.2010 00:51:22
Silvester vie prodolzete da sobirate po pet dolari za "vasata mila Makedonija" a nie ke prodlzime da go branime imeto na makedonija pa bilo po koja cena...blagodarime za pomosta po "pet dolari" pozdrav do site sami ilyas= turci koi ziveat vo Makedonija
Од: Siljan
Датум: 30.09.2010 01:03:01
Sandanski , Dimitar Vlahov itn. vo Narodnata federativna Partija barale federalna Turcija so Makedonija cela vo nea. Kako bi bilo sega da go barame toa vreme i da ja obedinime makedonija vo edna sojuzna drzava Turcija, ako veke taa ne' proznava kako narod. Inaku vo Egejska Trakija zivee mnogu golemo muslimansko malcinstvo a vo Egejska Makedonija makedonsko. Solun vo taa makedonska republika bi bil glaven grad na Makedonija. Veruvam deka vo idnina ke ima takvi sansi a sega da si promenime ona Firom vo Formar Turc Province Macedonia i da gi zamolceme Grcite oti i Kipar pokaza deka Amerika poveke ja saka Turcija otkolku Grcija.Go cenam utrinski.
Од: George (Melbourne)
Датум: 30.09.2010 03:14:03
Vo svetot na politikata nema prijatelski zemji nego intersi. George Melbourne
Од: sv dimitrija
Датум: 30.09.2010 08:46:14
Za sekade treba da imash prijatel .Turcite vistina vo vremeto na otomanskata drzava e drzea Makedonija pet i pol veka ,Makedoncite pak ostanale Makedonci , shto znachi ne ne pritiskale kako nashite sosedi bile istochni Severni a sega i juzn,i koj so sila sakaat da ne postojme .Znachi Turcija ipak e podobra od site .Makedonija mora da e dobie ovaaa bitka za imeto i so chesno i poshteno ime ke dojdi denot koga ke vlezime vo site organizacii RAVNOPRAVNO so drugite narodi na krajot vistinata ke pobedi.Makedoncite se naucheni da patat odnosno da trgaat maki pa zatoa se vikame i MAKEDONIJA..

Најди! во Утрински
Втора страница
Битки за вода
Вербатим
Бугарија пак ја кодоши Македонија во Брисел
Милошоски барал да се смени Василакис






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU