Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Битки за вода

Снежана Калабакова

Поради глобалното затоплување во иднина водата ќе биде ресурс за кој ќе се водат битки, а не нафтата - често знаат да речат експертите за климатски промени. А кај нас битки за вода одамна се водат, во моментов актуелна е во скопска Патишка Река. Жителите со години не сакаат да ја дадат водата од планинските извори, од кои преку изградба на локален водовод ќе може да се снабдуваат жедните села од општината Сопиште.

На многумина се' уште им е во свежо сеќавање битката за вода на селата Вевчани и Октиси. Сега на дневен ред се жителите од Патишка Река. Тие категорично застанаа против изградбата на водоводот, чија примарна фаза се реализира под силно полициско обезбедување.

Случајниот патник кој ќе тргне кон ова село задолжително ќе биде легитимиран и бидејќи ќе мине крај бројни полициски патроли ќе има чувство како да влегол во воена зона. Под будно око на полицијата секојдневно се наоѓаат сите жители и токму тоа кај нив создава уште поголем револт. Тие не кријат дека ако биде потребно водата ќе ја бранат и со своите животи, но предупредуваат дека не сакаат никој да пие крвава вода.

Разочарани се од институциите на системот, но истовремено од нив бараат спас и решавање на проблемот. За водата не зборуваат како за природно богатство, туку како за нивна приватна сопственост. Не им веруваат ниту на домашните ниту на странските експертизи што покажуваат дека со изградбата на водоводот нема да останат без вода и оти тој се гради за општо добро.

Кој и како да ги убеди во сето тоа. Имаат ли институциите сенс да ја измерат тежината на проблемот и ќе го направат ли вистинскиот чекор за да не дојде до крвопролевање. Ќе создадат ли услови водоводот да се гради без отпор и на општо задоволство на сите?


#
Статијата е прочитана 828 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Турција - булдожер за името на Македонија?
Вербатим
Бугарија пак ја кодоши Македонија во Брисел
Милошоски барал да се смени Василакис






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU