Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

„Струшка музичка есен“ по 35. пат

Во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, со концерт на црковниот хор „Калистрат Зографски“, вчера започна 35. Меѓународна музичко научна манифестација „Струшка музичка есен“, што се одржува годинава на тема „Македонска музика, проблеми и перспективи“.

На програмата на манифестацијата, која трае до утре се содржини од областа на музикологијата, музичката педагогија, медијавистиката и етномузикологијата, а една сесија е планирана за проблемите и перспективите за интелектуалната сопственост и културните експресии.

На 150-годишнината од раѓањето на македонскиот композитор Атанас Бадев му е посветена посебна вечер, а се очекува да биде иницирано и основање на Национален комитет при ИЦТМ - Интернационален совет за традиционална музика, кој ќе се занимава со изучување на традиционалната музика и танц. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 366 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Културни политики ќе се разгледуваат во Долна Нормандија
Концерт на Александер Јаковлев во Битола
Филмскиот фонд поддржа српски, бугарски и словенечки филм
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
„Неуспешен лет“ награден со бронза во Швајцарија