Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Концерт на Александер Јаковлев во Битола

Како најава на годинешниот 19. Интерфест - Битола фестивал, вечерва во Заводот и музеј во Битола со рецитал ќе настапи Александер Јаковлев, еден од најсјајните репрезенти на модерната Руска пијанистичка школа.

Александер Јаковлев е најавен како виртуоз со феноменални технички, музички, креативни способности, кој со своите 29 години има изградено репутација на сестрана личност - филозоф, композитор, но и уметник кому му е близок театарот, џезот и инженерството. Во Битола ќе изведе ремек-дела од литературата за пијано од Хајдн, Шопен, Равел („Ноќниот Гаспар“) и Стравински („Петрушка“).

Досега тој настапувал во значајните м��зички центри: Берлин, Рим, Москва, Женева, Барселона, Мадрид, Валенсија, Виена, Токио, Салцбург, Санкт Петербург, Неапол, под раководството на реномираните диригенти Коган, Мартинов, Балан, Самале, Јаблонски, Нагано. Настапувал со Берлинскиот симфониски оркестар, Швајцарскиот Романде оркестар, Симфонискиот оркестар на Ростов, Филхармонијата „Михаил Јора“, Римскиот камерен оркестар.

Од 2006-2010 година освоил 37 први и 10 втори награди на интернационални пијано конкурси. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 366 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Културни политики ќе се разгледуваат во Долна Нормандија
Филмскиот фонд поддржа српски, бугарски и словенечки филм
„Струшка музичка есен“ по 35. пат
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
„Неуспешен лет“ награден со бронза во Швајцарија