Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

„Металурзите“ стопени во завршницата

Металург двапати водеше во Софија, но во финишот прими два гола и загуби од Локомотив со 3:2

Кога судијата е во центар на внимание, тоа е лошо за еден фудбалски натпревар. За Металург таков беше Швајцарецот Сирил Цимерман во четвртокот, на „Васил Левски“ во Софија, кој со своите одлуки стави печат на победата на Локомотив Софија во дуелот со нашиот претставник во второто квалификациско коло за Лига Европа. Досуди два, во најмала рака сомнителни, пенала, го исклучи Агрон Мемеди и на крајот домаќинот доби слободен удар во зоната на шут на што му претходеше старт што за Цимерман беше доволен за прекршок Затоа освојувачот на македонскиот куп, во текот на вчерашниот ден, најави дека ќе реагира кај надлежните во Нион за арбитражата на швајцарскиот арбитар во бугарската престолнина.

Но, за поразот (3:2) и елиминацијата во ова натпреварување составот од Железарница вина треба да бара и во сопствените редови. Имаше резултат до 86 минута што му обезбедуваше двомеч со полски Сласк од Вроцлав, двапати водеше (0:1 Миле Крстев во 4 минута, 1:2 Баже Илијоски во 62 минута со фудбалер помалку на теренот по исклучувањето на Агрон Мемеди во 55 минута), промаши неколку контри во ситуација три на два и еден зицер, па казната стигна.

„Подобрата екипа не победи вечерва, за жал. Од гостувањето во Софија би издвоил два момента. Првиот се однесува на швајцарскиот судија ко�� немаше респект за подобриот тим, а токму тоа е терминот што го протежира УЕФА. Досуди два пенала за домашниот тим, за еден од нив се реши по непостоечки прекршок, со што му помогна на Локомотив од Софија“, огорчен беше Жикица Тасевски по натпреварот.

„Противникот играше антифудбал вечерва и со помош на судијата на крајот триумфира. Згрешивме што не реализиравме некој од четирите до пет контранапади, па да биде 1:5 наместо 1:2“, дополни Тасевски.

И така е. Ќе беше поинаку ако Илијоски во 50 минута, Миле Крстев во 54 минута (тешко е да се опише што промаши) или Васко Митрев во 71 минута беа поприсебни, побрзи, поснаодливи во запечатување на судбината на домаќинот. Така никој немаше да го споменува судијата.

Дека Локомотив Софија немаше игра на потребно ниво призна и тренерот Дијан Петков, но притоа нагласи дека неговите играчи покажаа желба за победа и не се предаваа во моментите кога имаа негатива. Пред камерата на Бугарската национална телевизија Петков изјави дека тимот не играше фудбал што требаше да го игра и изрази надеж дека неговите фудбалери нема да репризираат вакво издание во иднина туку дека ќе играат вистински фудбал. Тоа само по себе говори за односот на силите на тревникот на „Васил Левски“, па оттука и гневноста на металурзи кон Цимерман.

„Задоволен сум од резултатот. Воопшто не ми е непријатно да се радувам на победа. Требаше да победиме уште во Скопје. Знаете што се случи таму, бевме оштетени во првиот натпревар, па затоа не сакам да го коментирам судењето“, истакна Петков за кого нема дилеми во оправданоста на првиот досуден пенал, за вториот не сакаше да коментира бидејќи немал позиција да може да види, а за третиот гол порача дека беше постигнат по прекршок што беше евидентен.

Локомотив (С) - Металург 3:2



Полувреме: 0:1. Стадион: „Васил Левски“ во Софија. Гледачи: 1.500. Главен судија: Сирил Цимерман. Помошници: Беат Хидбер и Антонио Луис Фернандез (сите тројца од Швајцарија). Жолти картони: Џаков, Јанев, Божинов, Мешиќ (Локомотив Софија), Мемеди, Кралевски, Илијоски, Драговиќ, Начевски, М. Крстев, М. Петковски (Металург). Црвен картон: Мемеди (Металург). Стрелци: Јорданов во 58 мин. од пенал и во 85 мин., Божинов во 89 мин. за Локомотив (С), М. Крстев во 4 мин., Илиоски во 62 мин. за Металург.

Локомотив Софија: Галев, Џаков, Романов, Добрев, Савиќ, Писаров, Караџинов (Јорданов 46 мин.), Јанев (Андонов 69 мин.), Атанасов (Велев 58 мин.), Божинов, Мешиќ. Тренер: Дијан Петков.

Металург: Павловиќ, Мемеди, Кралевски, Драговиќ, Петковски, Митрев, Љамчевски, Захариевски (Ѓорѓевски 66 мин.), М. Крстев, Начевски (Тенекеџиев 60 мин.), Илијоски (Ејупи 84 мин.). Тренер: Жикица Тасевски. (С.Д.)




#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Трилинг-голови за најава кај Анортозис
Енди Шлек како виор на Галибие
Фетел екстра мотивиран за домашната трка
Шкендија и Металург по првиот трофеј
Кошаркарите на тест-дуели во Словенија

"""