Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Трилинг-голови за најава кај Анортозис

Работнички и во реваншот подобар од Јувенес Догана, сега со 3:0, за пласман во третото квалификациско коло за Лига Европа

Сашко Ѓ. Димовски


Рутински 3:0 на фудбалерите на Работнички во реванш дуелот со Јувенес Догана (вкупни 4:0) за двомеч против кипарски Анортозис во третото коло во квалификациите за Лига Европа. Маневски, Петковски и Петровиќ ја погодија мрежата на аматерите од Сан Марино на „Филип Втори“ за потврда на четвртата победа на дебармаалци во европските дуели ова лето и дополнување на контото на составот од Градски парк со нови рејтинг бодови.

„Одигравме меч каков што очекувавме, а противникот се однесуваше како што најавивме. Гостите се бранеа со сите сили, ние напаѓавме во текот на целиот меч. И покрај победата со три гола, сепак, реализацијата повторно не беше на ниво. Можевме повеќе меѓутоа сега ќе заборавиме на тоа бидејќи го потврдивме пласманот во третото коло во ова натпреварување“, рече Горан Петрески, тренер на Работнички, по натпреварот.

Работнички како да играше со третина сили во возвратните 90 минути со Јувенес Догана. Се доби впечаток дека се штедеше за Анортозис, првиот сериозен тест за „романтичарите“ во оваа нивна европска епизода. За форсирање немаше потреба, одбегнати се непотребни дуели, жолти картони и евентуални повреди за она што следува. Веќе во четврток тимот на Петрески ќе гостува в�� Ларнака, реваншот е закажан на 4 август во Скопје.

Причина плус за задоволство во екипата на Работнички е што го има водечкиот стрелец во квалификациите за Лига Европа по две минати кола. Филип Петковски не пропушти меч, а да не ја затресе мрежата на противникот. Така беше во двомечот со Транс Нарва во воведното коло, така беше и во 180 минути со Јувенес Догана и со четири гола за 142 минути, колку што одигра досега, е најдобар голгетер во моментот.

Работнички - Јувенес Догана 3:0



Полувреме: 1:0. Национална арена: „Филип Втори“. Гледачи: 1.500. Главен судија: Шандор Чабо. Помошници: Иштван Алберт и Јанош Медоваржки (сите тројца од Унгарија). Жолти картони: Петковски (Работнички), Касадеи (Јувенес Догана). Стрелци: Маневски во 35 мин., Петковски во 50 мин., Петровиќ во 56 мин.

Работнички: Димитриевски, Лазаревски, Ќумбев, И. Стојанов, Д. Велкоски, Тодоровски, Петровиќ (Аврамовски '60), Вујчиќ, К. Велкоски (Мицевски '75), Петковски (Трајковски '61), Маневски. Тренер: Горан Петрески.

Јувенес Догана: Гоби, Кавали, Фрино, Чечи (Стефанели '85), Червелини, Сантини (Ѕаферами 77 мин.), Каминати, Бачиочи, Коломбини (Касадеи 59 мин.), Фригулјети, Селва. Тренер: Паоло Ресипути.


#
Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Енди Шлек како виор на Галибие
„Металурзите“ стопени во завршницата
Фетел екстра мотивиран за домашната трка
Шкендија и Металург по првиот трофеј
Кошаркарите на тест-дуели во Словенија

"""