Македонија на „Карневалот - цар на Европа“
Маска на Владимир Боцев
Во етнографскиот музеј во Сан Микеле, во италијанската провинција Тренто, до 6 јануари ќе биде отвори изложбата „Карневалот - цар на Европа“, каде учествува Музејот на Македонија и етнографските музеи од Загреб, Софија, Сан Микеле и од Марсеј. Изложба е дел од истоимениот проект, финансиран од Агенцијата за култура и аудиовизуел при ЕУ, во рамките на програмата за култура 2007-2013, а земјите учеснички, преку предмети и филмови презентираат обичаи со маски.
Од Музејот на Македонија во проектот е вклучен Владимир Боцев, виш кустос - етнолог, а во продукција на Музејот ќе биде прикажан и еден филм. Проектот „Карневалот - цар на Европа“, вклучува изведување на теренски истражувања, подготвување на комплетна документација, продукција на филмови, објавување на каталог, зборник, карта со карневалите во земјите учеснички, одржување на симпозиум, и тн. (К.Б.) |