Концерт на дуото Куфојанакис - Светиев
В понеделник на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 20 часот, концерт ќе одржи дуото Михаило Куфојанакис, виолина и Тодор Светиев, пијано. Куфојанакис и Светиев се едни од најзначајните имиња на македонската музичка сцена во областа на сериозната музика, во изминативе три децении. Долги години се активно присутни на музичката сцена, како солисти, но и како камерни музичари. Значајна е и, покрај засебната соло кариера, педагошката дејност на двајцата истакнати музичари и она што го оставаат како белег за идните генерации. Ова дуо на концертот во понеделник ќе изведе дела од Корели, Корели-Леонард, Григ и Сен-Санс. |