Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Шест филма ќе се борат за „европскиот оскар“


Кадар од контроверзниот „Гомора“

Денеска во Копенхаген, Данска, по 21. пат ќе бидат доделени европските филмски награди

Сунчица Уневска

Денеска во Копенхаген, Данска, по 21. пат ќе бидат доделени европските филмски награди кои се сметаат за пандан на американскиот „Оскар“. Во трка за најдобар филм за овие награди кои ги доделува Европската филмска академија се шест филма, меѓу кои оваа година дури два се италијански, и тоа „Божествениот“ на Паоло Сорентино, посветен на неуништливиот премиер Џулијано Андреоти и мафијашката приказна „Гомора“ на Матео Гароне. Останатите четири се: францускиот „Клас“, британскиот „Хепи-гоу-лаки“, шпанскиот „Сиропиталиште“ и израелскиот „Валцер со Башир“.

За жал, меѓу номинираните не влезе нашиот годинашен фаворит, филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Митевска, кој беше селектиран во потесниот круг од 40 европски филма што се бореа за номинациите за оваа престижна награда. Но, Македонија на ова доделување ќе биде присутна, и тоа за првпат со наш презентер. Имено, актерката Лабина Митевска, која веќе десет години ја гради својата европска кариера, на покана на претседателот на Европската академија, Вим Вендерс, ќе биде еден од презентерите. Станува збор за манифестацијата „Европски актерски ѕвезди“, во рамките на која секоја година на Берлинскиот фестивал се претставуваат млади европски актери кои ветуваат и кои веќе оставиле впечаток се некои од своите први улоги. Оваа година поради големиот интерес, бидејќи младите актери ги предложува секоја земја посебно, во Копенхаген ќе бидат одбрани оние десет најдобри, кои потоа ќе бидат претставени во Берлин. Лабина Митевска ќе биде презентер на ова признание заедно со уште тројца колеги.

Но, да се вратиме на годинешните номинации. Интересно е дека и двата италијански филма кои ја предводат годинешната листа на номинации, „Божествениот“ и „Гомора“ своите премиери ги имаа на Канскиот фестивал, каде што и двата освоија награди. „Божествениот“, кој носи еден откачен и луциден портрет на Андреоти ја понесе наградата на жирито, а „Гомора“, контроверзниот филм за италијанската мафија, го освои Гран-прито. Инаку, „Божествениот“ има номинации и за режијата и сценариото на Сорентино, за фотографија и за улогата на Тони Сервило. Овој актер, всушност, е номиниран за најдобра машка улога и за „Божествениот“ и за „Гомора“. А и вториот италијански филм ги понесе истите номинации: за режија, за најдобра фотографија и за сценариото кое е направено по книгата на Ро��ерто Савиано, кој по овој филм заработи и смртни закани.

Веднаш зад нив со по четири номинации се „Сиропатилиште“ на Хуан Антонио Бајона и „Валцер со Башир“ на Ари Фолман. „Сиропатилиште“ нема номинација за режија, но покрај за филм, има номинации и за женската улога на Белен Руеда, за најдобра фотографија и за музиката на Фернандо Веласкез. Додека големото канско изненадување, анимираниот „Валцер со Башир“ понесе номинации и за режијата и сценариото на Ари Фолман, како и за музиката на Макс Рихтер.

Останатите две остварувања кои имаат номинации за најдобар филм, понесоа само по уште една номинација. Интересно е дека канскиот лауреат „Клас“ на Лорен Канте доби номинација за режија, но не и ветеранот Мајк Ли. Втората номинација за неговиот филм ја понесе актерката Сели Хокинс.

За најдобра режија, покрај Сорентино, Гароне, Фолман и Канте, номинирани се и Андреас Дрезен од Германија за „Облак 9“ и дебитантот Стив Меквин од Велика Британија за филмот „Глад“.

За најдобар актер во трка се и: Мајкл Фасбендер од „Глад“, Џемс Мекевој од „Покајание“ и Јирген Вогел од „Бран“. А за најдобра актерка Сели Хокинс и Белен Руеда се во конкуренција со: Арта Доброши од „Тишината на Лорна“, Хиам Абас од „Дрво од лимон“, Кристин Скот Томас од „Те сакав долго“ и Урсула Вернер за „Облак 9“.

Свечената церемонија на доделувањето ќе се одржи во присуство на данското кралско семејство. Европската статуетка за животно дело оваа година ќе и припадне на исклучителната британска актерка Џуди Денч, додека Наградата за европско достигнување во светскиот филм ќе ја добијат креаторите на стилот „Догма 95“, данските режисери: Ларс фон Трир, Томас Винтерберг, Серен Крег Јакобсен и Кристијан Левринг.


Статијата е прочитана 386 пати.

Испрати коментар

Од: unwritten24
Датум: 06.12.2008 00:29:58
Браво за Лабина, само уште да ја видевме како се качува на сцената по оскарот, а не како презентерка.. Ја сум од Титов Велес заслужу многу повеќе од само номинација.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
НУБ „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник
Марина Ончевска - Тодоровска нов претседател на МАНД
Оргулите се највеличествен инструмент
Македонија на „Карневалот - цар на Европа“
„Лебедово езеро“ со гости од Украина
Концерт на дуото Куфојанакис - Светиев