Имаме дефанзивна надворешна политика, која понекогаш иритира до таа мера што имплицира непотребни проблеми
Државите кои имаат традиција, а и оние кои сакаат да научат од нив, особено внимаваат при изборот и именувањето на личностите, кои треба да ја водат надворешната политика. Министерството за надворешни работи, заедно со дипломатските претставништва, треба да бидат огледало на најубавото за нивната земја. Репрезентите на надворешната политика, на чело со министерот за надворешни работи,освен доволното знаење и професионализам, треба да имаат афинитети за комуницирање, за воспоставување контакти и да рефлектираат позитивно на средбите со нивните хомолози и нивното произнесување и коментирање на ставови и на изјави. Јасно е дека рамките на надворешната политика се договараат и се зацртуваат од претседателот на државата, претседателот на Владата и Собранието, но тоа не значи дека таа треба да се пренесе роботски, студено, без содржина и шарм, секаде и во секоја ситуација.
Се сеќавам, пред многу години, како координатор на пратеничката група на ПДП, на една средба со тогашниот министер за надворешни работи на Германија, Клаус Кинкел, разговаравме за тогашни актуелни прашања во нашата држава, во регионот и пошироко. Министерот за надворешни работи, Клаус Кинкел, на крајот од разговорот, патем, соопшти дека наредниот викенд ќе го помине со колегата - министерот за надворешни работи на Руската Федерација, без вратоврски, со нивните семејства во некое одморалиште. Меморијата секогаш ме потсетува дека не било случајно тоа што кога Европската унија има одредени недоразбирања со Руската Федерација, први за нормализирање на односите во М��сква пристигнуваат челниците на надворешната политика на Германија и обратно во Берлин. Пример на пар екселанс надворешна политика можат да се земат и односите меѓу Франција и Германија преку толку многу гробишта на Алзас до граница - без граница во денешна ЕУ.
Пoчитувани читатели, ако овие примери ги пресликаме во нашата надворешна политика, ќе мораме да констатираме дека далеку сме од тоа што значи вистинска и стандардна надворешна политика, која може да се носи со предизвиците и со потребите што ги има Македонија. Само по себе се поставува прашањето зошто нашиот министер за надворешни работи не поминал еден викенд без вратоврска со некој свој колега од земјите-соседи. Ако тоа беше невозможно да се оствари со Дора Бакојани, не ќе беше толку тешко со колегите од Албанија, Бугарија, Косово и Србија или со други колеги од која било земја. Ова само го потврдува фактот дека надворешната политика на Македонија е оптоварена со предрасуди, кои се демоде за една држава, која искрено стреми кон евроатлантските интеграции.
За жал, подолго време имаме дефанзивна надворешна политика, која понекогаш иритира до таа мера што имплицира непотребни проблеми, со кои им создаваме тешкотии и на нашите стратешки пријатели, како што се САД и другите поддржувачи и искрени пријатели. Национал-романтичарска политика и натпреварувањето за некаков примат во далечната античка историја, особено во дипломатската битка за спорот за името на нашата земја со Грција, создаваше дополнителни компликации а не предност за добар компромис.
За да не се добие впечаток дека сум нихилист, како добар пример на проактивна и позитивна водена надворешна политика, со и без вратоврска, кај нас може да се спомнува времето на покојниот претседател Борис Трајковски и по него Владо Бучковски како премиер. И двајцата, со мудра и смела надворешна политика, беа многу почитувани во меѓународните дипломатски кругови. Проактивната надворешна политика бара да бидеш и таму каде што не си пожелен, да се ракуваш и да се поздравиш и со тие кои не ти се многу добронамерни, да се смееш и кога не ти се смее. Но, секогаш да знаеш и да бидеш подготвен дека тоа го правиш за доброто на својата држава.
Се надевам нема да бидам погрешно разбран - денес Македонија може да научи од соседите, од Албанија - како треба да се води надворешна политика. Албанија речиси одлично балансираше во дипломатијата кога Косово требаше да прогласи меѓународна призната независност, односите со соседите и евроатлантските интеграции. Премиерот Сали Бериша (коалиционен партнер на партијата на Македонците во Албанија) и министерот за надворешни работи Лулзим Баша се школски пример како треба да се води надворешна политика и во ситуации кога се соочуваш со проблеми кои се тешко премостливи. Сигурно не им беше лесно да го премостат проблемот со Грција за положбата на Чамите и за шиканирањето на гастербајтерите, но надвладуваше решителноста да се зачленат во НАТО и да финишираат во интегрирањето во ЕУ. Се разбира, не беа поштедени од зевзеци од типот како кај нас, но тие подобро знаат дека проблемите не се отвораат ако не се седне рамноправно на иста маса и компетентно со компетентни да се решаваат. За нервоза и емоции нема место во дипломатијата ако сакаме проблемот да се реши и да не се мултиплицира кога се водат преговори, а токму последното нам ни се случува со спорот за името со Грција. Успешноста за водење надворешна политика на една соседна Албанија треба да ни послужи како пример, на кој треба да му завидуваме и да учиме. Се надевам, а има некои индикации дека полека сфаќаме оти со глава в ѕид не се оди, колку и да си тврдоглав.
Ismet, iskreno mi se dopadna pocetokot na tvoeto izlaganje. No potoa pocnuvas da mesas babi i zhabi. Problemite na Albanija i Grcija ednostavno se nesporedlivi so problemite na Makedonija i Grcija. Osven toa, stavot na Grcija nemase nikakvo znacenje okolu priznavanjeto na Kosovo od strana na drugite megunarodni faktori, dodeka Makedonija e pod postojana blokada od Grcija za kakvo bilo clenstvo vo megunarodnite institucii. Zatoa smetam deka vo celina sporedbite se neizdrzani, a argumentite koisto gi koristis se slabi. Vo idnina ocekuvam poizdrzani analizi. Pozdrav.
Од: Alban
Датум: 22.05.2009 08:50:01
Pocna natprevarot za novi Ambasadorski mesta. Pa da go dopolnam Ramadani - Ambasador treba pred se da zboruva najmalku dva stranski jazika (Srpski, Albanski, Bugarski ne treba da se smetaat kako takvi), da ima besprekorno dosie bez optuzbi za korupcija, kriminalni dejstva, da ima proaktivno poznavanja za nacionalni, regionalni i globalni tekovi. Ambasadorot treba da ima sopstveni stavovi, no i doblest istite da gi stavi vo tret plan po stavovite na drzavnata politika. Sto se odnesuva do vratovrskite, kako simbolika za neformalen pristap vo komuniciranjeto, treba da znae deka do toj stepen na komuniciranje se doagja po 2 osnova: a/ da se bide pretstavnik na drazava so dolga tradicija na diplomatija, sto znaci deka ima pedigre koj ovozmozuva porelaksiran odnos na pretstavnikot, b/ licno dolgogodisno iskustvo i renome na megjunarodno nivo, sto potvrduva deka gi poznava site kodovi na odnesuvanje na diplomatijata, no deka e veke vo faza vo koja moze da si dozvoli licen pecat i opustenost
Од: R.N
Датум: 22.05.2009 12:16:24
Nema da go povtoruvam iskazanoto na Gospodinot od Orlando so koe apsolutno se slozuvam, kako sto veruvam deka namerite na avtorot na gorniot tekst se dobronamerni. No tocno e o toa, deka nasata diplomatija, ambasadorite i" kompanja", treer da odam malku i "na remont" povremeno, ako ne i pred da bidat postaveni na ambasadorskite mesta. ne samo da nosta vratovrski koga trebe ( najcesto) tuku tie da bidat uredni, sekogas dobro obleceni, so cisto nokti i ne da bidat isbirani za atraktivnite rabotni mesta,"po frizurite". Toa se odnesuva za site vo ambasaite, oti site ja prestavuvaat Makedonija. Edna dobra "relkonstrikcija" , ne ke bide na odmet.Vreme r da se pokazeme vo podobro svetlo! Sto se dnesuva pak do nasiot mlad minister za nadoresni raboti, tuka avtorot gresi, bidejki nadvor od Mk. ostavi prekrasen vpecatok so svoeto nepogresivo oblekuvanje, no uste poveke so negovoto diplomatsko odnesuvanje, kako dolikuva na ubavo vosptan minister i sin, so domasno vospituvane!
Од: anonimen
Датум: 22.05.2009 12:24:57
Ne e bas taka. Nastrana sto celta na tekstov e sopstvena ptomocija, mora da se kaze deka tokmu tie tnr. "partsiki diplomati" se tie sto ne ponizuvaat nadvor i nemaat osnovna kultura a da ne zborime za diplomatski znaenja. Tokmu tie frustrirani licnosti gi koristat diplomatskite pretstavnistva kako privatni firmi za privatni celi, a bogami i celi na nekoi drugi sosedni drzavi
Од: neimen
Датум: 22.05.2009 15:36:09
Zarem gospodinot Ramadani ne znae deka vsusnost i ne postoi makedonska diplomatija?I tie malku profesionalci koi postojat se sikanirani,zaboraveni vo nekoi kosina vo ministerstvoto,ili gi vrakaat od stranstvo so uste ne zavrseni mandati.Megu tie malku pravi profesionalci koi se se uste aktivni(ne gi smetam za karierni diplomati onie koi doagaat od drugi sluzbi ,ili profesionalnosti)ima takvi koi imaat znacajni licni poznanstva megu svetskata politicka i diplomatska elita.Ne go zgresiv zborot-svetska!I mislite deka toa im e nekoj poen vo gradenjeto na nivnata kariera,ili napreduvanje?Poznavam diplomat od kariera,koj e 30 god. vo taa sluzba i od prviot den na osamostaluvanjeto vrsese mnogu vazna diplomatska misija i se uste ne e ambasador.Naprotiv,go setaat toj diplomat na pola mandat od edno mesto na drugo i go vrakaat predvreme.A za partizacijata vo cela drzava ,pa i vo diplomatijata da ne zboruvame.Se slucuva da odat diplomati vo Anglija,Svedska...bez znaenje na angliskiot jazik.