Ректорот Стојковски вели дека има простор за разговор
Студенти од повеќе факултети вчера протестираа во комплексот факултети на Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, барајќи укинување на партиципацијата за државната квота, подобар студентски стандард и имплементација на европскиот кредит-трансфер систем. Над стотина студенти шетаа низ факултетите лоцирани во универзитетскиот комплекс, носејќи пароли: „Образованието не е бизнис“, „Еден бубрег=еден семестар“, „Слободно образование или смрт“. Толпата се упати и пред Ректоратот на Скопскиот универзитет, каде што извикуваше пароли, држејќи ги индексите в раце.
„Секој треба да има еднакви шанси да се запише на факултет“, изјави студентот Борис Каевски, додека други студенти стоеја настрана од протестот со изговор дека не сакаат да протестираат поради притисоци. Дел од професорите на Филозофскиот факултет ги поддржаа студентите, коментирајќи дека секој треба да се избори за своите права.
За разлика од нив, професорот Љубомир Фрчкоски не ги поддржа протестите.
„Бесплатно студирање не постои и никаде не е добро, дури и Франција го напушта. Владата се обидува да го осиромаши Универзитетот со зголемување на бројот на места, а истовремено ја намалува партиципацијата. Таа сака да го фрли Универзитетот на колена“, вели Фрчкоски.
Ректорот на Скопскиот универзитет, Велимир Стојковски, вчера за медиумите изјави: „Има простор за разговор околу висината на партиципацијата. Оваа партиципација е наследена, воведена е пред неколку години и треба да се најде соодветен модел. Но, се' додека не се најде адекватен модел, тоа ќе функционира така како што е“, рече Стојковски, кој смета дека студентите требало да побараат средба со него пред да протестираат. Ректорот е дециден дека евентуалното намалување на партиципацијата нема да се одрази врз професорските плати, бидејќи овие пари во најголем дел се користеле за други трошоци за студирање, опрема, лаборатории и потрошен материјал.
ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со став дека зад студентските протести стои СДСМ, што, според нив, можело да се види од партиските знамиња на протестот.
„Злоупотребата на студентите од страна на СДСМ за партиски цели значи нарушување на нивниот углед и интелектуален капацитет. Овие протести не се во правец на унапредување на студентскиот стандард, туку само обид тој да се дискредитира и злоупотреби за партиски цели“, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Стефановски, на вчерашната прес-конференција. (Ж.Х.З.)
evtin politicki trik na sdsm--->se uste ne im dojde pametot-----i pak pocinaat so nekoi brankovi metodi sto bea vo moda minatiot vek------zatoa i sdsm so vakvo odnesuvanje mozebi ce dojde na vlast naredniot vek
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 22.05.2009 04:23:42
Zalno e sto nekoi politicki dejci se obiduvaat da ispolitiziraat eden obicen protest na studentite. Imav moznost da vidam del od debatata na A2 preku internet. Vodacot na protestot, studentot Anchevski, pojasni deka studentite ne se povrzani so nitu edna partija. Nasproti nego bese mojot poranesen profesor, Ljubomir Frckoski. Toa sto ne mi se dopadna vo negovoto izlaganje bese povtorno nastap od pozicija na avtoritet i sila. Studentite gi narekuvase nedolicno “studentarija” i zgora na toa se zalagase protiv ramnopravniot odnos na studentite i profesorite, odnosno protiv studentska participacija vo nastavata i otvoreni debati. Tolku od golemiot “demokrat”. Frckoski ocigledno smeta deka negovata pozicija i negovoto znaenje se od Boga dadeni, ili pak od nekakva druga nepojmliva za obicnite smrtnici sila, i deka istite ne smeat da se doveduvaat vo prasanje. Zalno za eden univerzitetski profesor dokolku veruva deka denesniot razvoj na naukata e rezultat isklucivo na konzervativnite umovi.
Од: Трпе
Датум: 22.05.2009 07:55:58
Оваа,многу добро покажува дали Македонија е демократска или диктаторска земја.На народот му е влезено страв у коски.Еве и студентите се преплашени од освета.Како ке излезат на протест кога знат дека злопамтилата ако можат ке ги уништат на секое поле ,а ��а сместување во многу убавите студентски домови ич и да не се надеват.Стрижи Мујо,стрижи,овој уплашен народ и са друго не заслужува.
Од: od djordji
Датум: 22.05.2009 09:12:25
Kako nikade nem,a besplatno studiranje. ,a kade ima ovakva situacija da zavrsis fakultet inakade nemas rabota. Kade ima ista situacija da imse odzeme na ludjeto i rabotna privilegija, i fabriki i skolo i pritprijatija daim se stavat granici na sekoi 1ookm. Ako ne se ukine tolku visika skolarina obrazovanieto ke bide privilegija samo na bogatitte, ne i na talentiranite i obicnite.rabotnicki i selski deca.Togas ajde naselenieto da se podeli na patricii i plebejci pa na robovi i robovlasnici.kako sto bilo vo vremeto na tolku sakaniot Aleksandar Veliki.Zarem za toa vreme da lobirame da se vrati .Ili pak na nositelite na aktuelnata vlast da im se dozvoli zivotite na podanicite- graganite da bidat vo racete na politickite mocnici. i od nivna volja da zavisi da li ke ziveeme ili ke bideme nivna sopstvenost.>mozat vaka tie da teraat se dodeka narodot ne se krene protiv krvopiite kako sto biule Tircite ili arnautskite-kacacki bandi . No bidete ubedeni deka narodot t0a nema beskinecno da go
Од: Ози
Датум: 22.05.2009 09:16:21
Бесплатно студирање и здравство има само во Куба и С.Кореа. Има и во Кувајт, Дубаи и Венецуела, но таму има и нафта. Во капитализмот студирањето се плаќа. Ние го избравме капитализмот. Е па нема ’И јаре и паре’.
Од: Alek
Датум: 22.05.2009 09:36:11
Нека престане Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да се однесува како држава во држава и нека престане го руши достоинството на студентите и да се однесува деспотски, небаре е владата на Груевски. Еве изјавата на ректорот можеби влева доверба дека ќе се сменат барем делумно работите на подобро. Поздрав до студентите на кои им беше премногу жешко за да им се придружат во протестот на нивните колеги. Ако очекувате друг да ви ги оправи работите, ќе се оправат никогаш, а можеби ни тогаш.
Од: Simon
Датум: 22.05.2009 09:44:24
Pa denes ima tolku mn. fakulteti i studenti so nie danokoplatcite treba samo za niv da rabotime.Da se napravi strategija za toa kolku kadar e potreben i da se zatvorat pola od izmislenite fakulteti,pa togas mozi i da se razgovara za besplatno studiranje.Vaka i kuco i sakato e na fakultet,a rabotni mesta nema.
Од: Bitola
Датум: 22.05.2009 11:25:03
Vcera na TV ja gledav"izjavata"na rektorceto deka neslusnal nikakva guzva ,tuku mislel deka studentite proslavovale za nekakva godisnica,i ziv ostana.Do koga so vakvi arogantni izjavi vo Makedonija ?
Од: b
Датум: 22.05.2009 11:53:08
Тука ли беа и оние фашизоидни студенти од раководството на т.н. студентска организација со ками и пиштоли?
Од: Phanagoria
Датум: 22.05.2009 13:27:49
"Besplatno" obrazovanie ima! No to e prividno besplatno. Takvo e vo site Skandinavski drzavi. Eve Danska. Danskite studenti ne plakjat nikakov tuition, nasproti toa absolutno site dobivat SU - toa se 5000 kroni sekoj mesec. No zad se toa sedi naj visokiot personalen danok vo svetot, marginalno dostignuva do 62%. Taka da, besplatno obrazovanie moze da ima, samo ako social security sistemot e mnogu silen!
Jas gi podrzuvam Makedonskite studenti i bidejki sum bugarka, ke vi kazam edna arbitrazhna moznost - ako sakate besplatno i kvalitetno obrazovanie, aplicirajte vo nekoja Nordic drzava. Za studentite von od EU ima stipendiantski kvoti. Za studentite od EU e besplatno.. a vie imate opcii.
Од: Verag
Датум: 22.05.2009 15:05:22
Ова се имаше во социјализмот. Како сега не може кога капитализмот е многу поефикасен систем? Опозицијата организирала кога тоа ќе го каже власта тоа е најголема анатема,нема ништо полочо од тоа- па зарем е можно да организира студентскиот сојуз на чело со ВМРО-вецот Милчевски? Власта може да биде на чело на студ. сојуз,тоа е во ред,а опозицијата не смее да организира протести? Па каде во светот власта организира протести?Никој не дискутира дали навистина се оправдани,дали студ. домови се под секое ниво на живеење,дали осиромашениот народ има пари за студираење. Разликата меѓу бројот на протестантите во Тетово и во Скопје е драстична,тоа е разликата меѓу нас и Албанците. Еве каков народ сме ние,само чекаме некој друг да се бори за нас,а ние да посматраме од сенка.