Број 2992  петок, 22 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Повторна посета на плоштадот „Тјенанмен“

Џон Делури

Комплексно наследство од студентските протести што ја потресоа Кина

Објавувањето на тајните аудиомемоари на пропаднатиот реформатор на Комунистичката партија, Жао Зијанг, кој се обидуваше „да ја сосече болеста од економскиот систем на Кина во нејзините корени“ и почина во домашен притвор поради своите напори, повторно поттикнува дебата за комплексното наследство од протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 година. Всушност, како што Кина изгледа се' поголема во светската економија, треба да се запамети дека пред 20 години во јуни Народна Република Кина речиси се распадна. Протестното движење на „Тјенанмен“ таа година наметна егзистенцијална закана за состојбата на Комунистичката партија, прогласена на истото место пред 40 години од Мао Цетунг.

Заканата доаѓаше од две насоки - од највисоките ешалони на партиското раководство, каде што идеолошките разлики околу реформите го поделија владејачкото Политбиро, и од урбаните маси, кои со студентите од Универзитетот во Пекинг како претходница, стоеја на отворен, мирен револт против државната власт.

Изненадувачки, партијата излезе од кризата обединета околу визијата на Денг Ксјаопинг за „социјалистичка пазарна економија“ и ја врати легитимноста кај урбаната популација преку спроведување на таа визија. Партијата го обнови единството на платформа за глобално интегриран, пазарно ориентиран развој, што се постигнува без залагање на „Божицата на демократијата“ на студентите, туку носејќи опиплива материјална добивка за жителите на градот.

Доволно сигурно, урбаниот развој, инвестициите и растот на БДП беа забрзани во 1990-тите години, но, исто така, и јазот меѓу урбанит�� добитници и руралните губитници. Енергијата на протестот, што накусо го наелектризира плоштадот Тјенанмен, се растури од градовите и се рашири низ земјата. На еуфоричниот почеток на демонстрациите во 1989 година, над 80.000 студенти маршираа низ улиците на Пекинг, барајќи поодговорна влада. До 2005 година, имаше над 80.000 масовни безредија во земјата - но, главно не во развиените крајбрежни градови и секако не во елитните национални универзитети.



Во последните 20 години, протести организираа отпуштени работници, земјоделците на кои им беше одземен имотот, приврзаници на Фалун Гонг и гневните Тибеќанци. Сепак, не се случија урбани протести, предводени од студентите, како оние на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 година.

Економскиот развој под претседателот Џијанг Цемин и неговиот наследник, Ху Џинтао, кој го насочи младинскиот револт во претприемаштво и професионален успех, беше можен само поради тоа што Денг го спречи раководството на партијата да се распадне за време на студентските протести во доцните 1980-ти години, и конзервативните силни реакции во раните 1990-ти години. Кога започнаа протестите, избраниот наследник на Денг, премиерот Жао Зијанг, беше доведен во искушение да го искористи масовното движење како лост за да изврши поголем притисок за пазарни реформи и можеби за политички реформи. Ако Кина требаше да има свој Михаил Горбачов, тоа би бил Жао.

Денг го поддржа обидот на Жао да ја либерализира економијата, иако тоа создаваше различни резултати во 1988 и 1989 година, при што инфлацијата се зголемуваше, а економско неспокојство беше секаде присутно. Но, Денг, со лузни од децениите на Маоизмот, особено хаосот што отпочна со културната револуција, ја ограничи толеранцијата за политичка нестабилност. Толеранцијата на Жао за демонстрантите го подели Политбирото на фракции. Така, Денг го доведе Жао до поконзервативните јунаци на партијата.



Тврдокорните излегоа победници спроти преземањето поостри мерки. Во нивните очи, метежот од 1989 година докажа дека „реформите и отворањето“ водат кон хаос и колапс. Денг привремено се повлече, дозволувајќи им на централните планери околу постариот член на партијата, Чен Јун, да го забават пазарот и да ја пребродат меѓународната изолација на Кина поради настаните на „Тјенанмен“. Но, тогаш, со познатата „јужна тура“ на почетокот на 1992 година, Денг го координираше пропаѓањето на антипазарната, конзервативна фракција. Во брзорастечкиот Шенжен, пред телевизиските камери, Денг го дигна прстот во воздух, опоменувајќи ја неговата партија: „Ако Кина не практикува социјализам, не продолжи со ’реформи и отворање’ и економски развој, не ги подобри животните стандарди на луѓето, тогаш без разлика во која насока се движиме, тоа ќе биде ќорсокак“.

Откако незадоволно ги исчисти реформистите во 1989 година, Денг во 1992 година ја искористи можноста да ги отстрани централните планери, ангажирајќи го неолибералниот херој на Кина, Жу Ронгџи, да ги реактивира моторите на економијата. Денг остроумно судеше за расположението на нацијата: луѓето беа подготвени да им се каже дека „да се стане богат е славно“. Новото партиско раководство од 1990-тите години и 2000-те не се поколеба од насоката на Денг: стабилна експанзија на пазарните реформи, активна инволвирање во меѓународната трговија, масовна урбанизација и урбан развој и тотална посветеност кон единството на партијата.

4 јуни, денот кога војниците на Народноослободителната армија ги растераа студентите и нивните приврзаници од плоштадот „Тјенанмен“, на Запад се памети како трагичен пример на државно насилство против невооружени граѓани, и споменик на задушените копнежи на кинескиот народ за слобода и демократија. Но, во студените очи на историјата, движењето од 1989 година и неговите последици конечно можат да се гледаат како „макијавелистички момент“ на кинеската Комунистичка партија, кога Денг се спротивстави на морталитетот на неговата република, и согледа што ќе биде потребно за да преживее: партиско единство што се базира на урбан развој.

Со повторно обединување на раководството на партијата, и повторно воспоставување на солидарност меѓу партијата и урбаното население, кризата го консолидираше владеењето на кинеската Комунистичка партија, и го забрза импулсот на Кина на нејзиниот пат на брз економски развој. Во класичното проучување за револуцијата, Хана Аренд скриено забележа дека „за што и да се способни братските човечки суштества, тоа произлегува од братоубиство, што и да постигнале луѓето од политичката организација, има потекло во криминалот“. Во таа смисла, крвавиот плоштад утрото на 4 јуни можеби беше родното место на постреволуционерна Кина.

(Авторот е помошник-директор на Центарот за американско-кинески односи и директор на Проектот за развој на Кина во Здружението „Азија“)


Статијата е прочитана 389 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 22.05.2009 00:24:54
Eh, nikako da prezalime sto i vo Kina nemase Gorbacev i Jelcin. Da se raspadnese Kina na dva trieset drzavi. Sekoja kolku Ukraina. Togas Kina ce stanese nova Afrika i Zapadot ce bese obezbeden za narednite 300 godini. Bakzuz, kineskata KP gi pobrka smetkite.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 22.05.2009 06:54:23
Interesna i solidna hronolska analiza na nastanite koisto gi odbelezaa poslednite 20 godini vo Kina. Avtorot zaborava da posoci samo eden vazen moment. Vo 1989 i vo pocetokot na 90-te godini SAD nemaa interes Kina da se destabilizira teritorijalno. Raspaganjeto na edna takva drzava e pomalku verojatno, a postoese i opasnost od golem priliv na emigranti, osobeno na zapadniot breg na SAD. Naprotiv, neo-liberalizmot i neo-konzervativizmot zdruzeno ja prepoznaa Kina kako ogromen nov pazar na evtin trud i potencijalen pazar za plasman na amerikanskite vrednosti. No, amerikanskite administracii ne gi predvidoa posledicite od celosnata liberalizacija na pazarot, taka sto alcnosta na korporaciite za pogolem profit recisi celosno gi preseli proizvodnite pogoni vo Kina, dodeka proizvodite i ponatamu se plasiraa vo SAD, no ovojpat na se posiromasnite amerikanski gragani. Standardot na kineskite gragani se uste ne go dostigna stepenot so kojsto ke mozese da se apsorbira hiper-produkcijata.
Од: Драги
Датум: 22.05.2009 10:18:14
Кина е единствена земја која на економски и стопански предизвици одговори према зборовите на Мао Це Дунг *Кога дуваат ветришта,не треба да се градат заклони,туку ветерници*.На планетарното ширење на слободен пазар и глобализација позади кои стои ММФ и Светска банка,Кина ја заштити својата национална економија и пазар,со ригорозна контрола на увозот и странските инвестиции со што апсолутно ги отфрли советите и упатствата на ММФ за самоубиство на националните економии.

Најди! во Утрински
Насловна
Владата не' критикува грубо и несмасно
Во Собранието се фалсификуваше гласање
Eкспериментални глувци
Папата дозволи исповед преку Интернет
Никој веќе не сака да штеди во денари
Власта во романтична идила
Уште една тужба од ЕЛЕМ против ЕВН
Возови без локомотиви
Студентите бараат бесплатно образование
Името „Северна“, Грција се двоуми за јазикот
Дипломатија со и без вратоврска
Овации за Џозеф Бајден во Косово
Колку чини еден пратенички трансфер?